среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Пелагонија | 25 резултати

Опомени и казни за студентите кои ќе фрлаат ѓубре во „Пелагонија“

12 февруари 2019

Екипите на „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе го чистат дворот на Студентскиот дом „Пелагонија“, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од дворот на студентскиот дом полн со ѓубре. Директорот на домот, Бујар Муртезани, најави дека во иднина студентите кои ќе фрлат отпад во дворот ќе се соочат прво со опомена, потоа со парична […]

Шилегов: Раката да ми се исуши ако потпишам за фасадата на „Пелагонија“

20 ноември 2017

Парите за барокните фасади ќе се пренаменат за енергетски фасади на средните училишта, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната седница на Советот на Град Скопје, извести „Сакам да кажам“. – Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на „Пелагонија“ од 1,3 милиони евра. Се трошеле милиони евра за фасади. „НАМА“ […]

„Стрежево“ треба да му плати милион евра на ЗК „Пелагонија“ за неиспорачана вода

12 април 2017

Еден милион евра е сумата што јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола треба да му ја исплати на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, заради договорена, а неиспорачана вода за наводнување на земјоделските парцели на комбинатот во летото 2015 година, кога хидросистемот имаше хаварија на цевководот. Ваква пресуда донесе Основниот суд во Битола по тужбата на „Пелагонија“ против […]

ЛДП Битола: Нерамномерниот економски развој ја уназади државата

6 октомври 2016

Загрижувачки е трендот на сè поголемиот нерамномерен развој на планските региони во Македонија, а особено назадувањето на Пелагонискиот Регион, во однос на Скопскиот Регион. Така жителите на Скопско земаат двојно повисока бруто-плата во однос на жителите на Пелагонија. Со вакви анализи и обвинувања на сметка на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален […]

Србиновски: Mи прават притисок за да ќарат поени кај земјоделците

8 декември 2015

„Чисти лаги и измислици“, вака раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство во Битола , Илија Србиновски-Шате, ги оценува обвинувањата и поднесувањето кривичната пријава против него од дополнителниот заменик-министер, Љупчо Николовски. – Ми прават политички притисок или, ако сакате, хајка против мене и моето семејство, бидејќи сакаат да добијат поени кај земјоделците во пелагонискиот […]

Дождот ѝ пркоси на есенската берба во Пелагонија

11 октомври 2015

Силен, пороен дожд со грмотевици и со ветер го зафати ноќеска битолско-пелагонискиот регион. Дождот истураше до раните утрински часови, а според Управата за хидрометеоролошки работи, наврнаа 53 литри на еден квадратен метар. Дождот повторно ги стави во стравувања пелагониските земјоделци. Силните и поројни дождови во битолско-пелагонискиот регион веќе ѝ пркосат на есенската берба на родот, а […]

Силен дожд ги зафати Битола и Пелагониско

3 август 2015

Силен пороен дожд со грмежи ги зафати попладнево Битола и пелагонискиот регион. Реки вода потекоа низ градот, а пелагониските ниви по еден месец, конечно се наводнети од дождот. – Овој дожд е добредојден најмногу за пченката и за тутунот, затоа што за другите земјоделски култури веќе е доцна. Господ и Свети Илија ѝ помогнаа на жедната […]

Власта дава благодарност, опозицијата бара оставки за проблемот со водата во Битола

30 јули 2015

Водоснабдувањето на Битола и понатаму е најгорливата тема за битолчани овие денови, откако по свлечиштето на хидросистемот „Стрежево“ градот неколкупати остана без вода за пиење. Најтешко им е на пелагонските земјоделци, чиј род на нивите веќе се уништува без наводнување. Оваа тема деновиве уште повеќе ја разгорува и политичката сцена во Битола, па на обиколка […]

Поплавениот манастир во Пелагонија, ќе добие крст висок 30 метри

17 јули 2015

Манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, кој оваа пролет по големите поплави во Пелагонија една недела беше два метри под вода, ќе добие метален крст висок 30 метри, налик на крстот на Водно. Манастирот сè уште ги носи последиците од бесните води на Црна Река, дамките од влага на фреските постојано се појавуваат, како и оштетувањата на […]

ВМРО-НП: Импресионирани сме од помошта на Владата за ЗИК „Пелагонија“ од четири милиони евра

1 април 2015

ВМРО-Народна партија изразува задоволство од брзата реакција на Владата на Република Македонија, која експресно донесе одлука за стопроцентно обештетување на земјоделците од поплавените подрачја од пелагонискиот регион. „Особено сме импресионирани од висината на средствата од повеќе од четири милиони евра што му се доделени само на ЗИК „Пелагонија“, што изнесува повеќе од 75 отсто од вкупно предвидените шест милиони евра за […]

Нема абер од дезинфекција на поплавените подрачја во Пелагонија

17 март 2015

И по месец и половина од големите поплави во Пелагонија, нема абер од дезинфекција и од дератизација на загрозените подрачја. По објавувањето на нови случаи на туларемија во земјава, жителите на Пелагонија стравуваат за безбедноста на своето здравје. Граѓаните бараат одговор од надлежните институции зошто досега не е покрената акција за чистење на теренот. Според нив, […]

Поплавите ја прекинаа наставата во Пелагонија

9 март 2015

Учениците од неколку села во Пелагонија денеска ја прекинаа наставата бидејќи било невозможно да одат на училиште. Поради поплавувањето на региналниот пат кој од Могила води кон селото Радобор, денеска децата воопшто не тргнале на училиште во подрачното школо во селото Могила. Градоначалникот на Општина Могила, Стевче Пивковски, вели дека денеска е прикината наставата во […]

Поплавите, сериозна закана и за пролетната сеидба

20 февруари 2015

Пелагонија е пред нова неизвесност. По големите поплави, под знак прашање е дали оваа година навреме ќе се реализира и пролетна сеидба. Од Пелагонија годинава се очекуваа 80.000 тони пченица, а сега е неизвесно дали најплодната житница во земјава ќе даде 30.000 до 40.000 тони пченица. Веќе 20 дена најголем дел од земјоделските површини во оваа рамница се […]

Во Пелагонија сè уште е рано за санирање на штетите

9 февруари 2015

Регионалниот пат Битола – Новаци е прооден за сообраќај по санирањето на откорнатиот пат. Од синоќа е поставен тампон и бетон, а водата на Црна истекува преку голема цевка под преминот. Сепак, водата во поплавената Пелагонија никако да се повлече од нивите и од дворовите. Засега се одложува санацијата на оштетените патишта и мостови, како […]

Црна се скротува, ситуацијата во Пелагонија се стабилизира

7 февруари 2015

Реката Црна се скротува, а нивото на водата во речното корито денска е спуштено за повеќе од осумдесетина сантиметри и изнесува 3,98 метри, потврдуваат пелагониските власти. Но, во општина Могила, каде се поплавени дури четири села, ставуваат од наглото топење на снегот во Демир Хисар и од нови катастрофи. – Промената на временската состојба, стравуваме […]

Поплавите предизвикаа политичка бура во битолскиот Совет

5 февруари 2015

Поплавите во Пелагонија предизвикаа вистинска политичка бура на денешната седница на Советот на Општина Битола. Двете главни прашања на кои спореа советниците од власта и од опозицијата беа кој е виновен за оваа катастрофа што им се случи на пелагониските села и на полето, како и тоа кој треба да понесе одговорност за настанатите штети. Советникот […]

Во Пелагонија поплавени 400 хектари

26 јануари 2015

Поплавите земаат замав во Пелагонија. Пелагониските власти го свикаа кризниот штаб откако Црна Река денеска поплави повеќе од 400 хектари во делот на Општина Новаци, кај село Гнеотино. Поплавите ги кренаа на нозе општинарите, Земојделски комбинат „Пелагонија“, Водостопанско претпријатие „Битолско Поле“, како и Регионалната дирекција за заштита и спасување. По проверките на терен, утврдено е дека […]

Земјоделците од Пелагонија во паника, глувците се гостат со неожнеаната пченка

29 декември 2014

Студот, мразот и снегот не им донесоа радост на земјоделците од Пелагонија. Плановите пред Нова година да ја завршат есенската седба и да ја ожнеат пченката во зрно не се остварија. Поради ниската температура и состојбата на терен, повторно е невозможно да се влезе во нивите. Така, според првиот човек на Сојузот на земјоделци, Вељо […]

Ќе се гради мочуриште за спас од поплавите во Пелагонија!?

10 декември 2014

Пелагониската Општина Новаци гради стратегија да направи мочуриште за спас од поплавите на земјоделските површини во битолскиот дел на Пелагонија. Воедно, мочуриштето е замислено да се прави како туристичка атракција, со многу содржини. Според плановите на Општина Новаци, мочуриштето ќе треба да биде во атарот на селото Гнеотино, каде земјоделските површини континуирано се под вода, […]

Новите вржени сериозна закана за Пелагониското поле

30 ноември 2014

Новите врнежи од дожд го вклучија црвеното светло во Пелагонија. Почвата е презаситена со влага, па најавите дека врнежите од дожд ќе продолжат во текот на наредните денови ги вознемирија надлежните. – Ја следиме состојбата, но земјата веќе е презаситена со влага и ако продолжат вржените, ќе имаме проблеми – вели Димче Јошевски од Дирекцијата […]

Страна 1 од 2