fbpx

Поплавите ја прекинаа наставата во Пелагонија

-

Учениците од неколку села во Пелагонија денеска ја прекинаа наставата бидејќи било невозможно да одат на училиште. Поради поплавувањето на региналниот пат кој од Могила води кон селото Радобор, денеска децата воопшто не тргнале на училиште во подрачното школо во селото Могила.

Градоначалникот на Општина Могила, Стевче Пивковски, вели дека денеска е прикината наставата во најзагрозените села во Пелагонија, Чарлија и Радобор, бидејќи патот е сосема под вода и децата требало да патуваат по алтернативни патишта со часови за да одат на настава.

– Состојбата е лоша и ризична за патување, па затоа одлучивме децата да останат дома – вели Пивковски.

Денeска, според Пивковски, состојбата со водостојот на Црна Река е стабилизирана, но, сепак, под вода се 2.600 хектари земјоделско земјиште на индивидуални земјоделци и на ЗК „Пелагонија“. Исто така, десетици подруми и штали во селата Вашарејца, Радобор и Чарлија се под вода. Жителите со пумпи и со правање канали се обидуваат да си ги спасат домовите.

– Она што треба да се направи е санирање на коритото на Црна и тоа што поскоро, откако ќе се стабилизира времето – вели Пивковски.

Слична е состојбата и во соседната пелагониска општина Новаци. Таму, според општинските власти, е ангажирана механизација да ги поправа насипите за да се заштитат од натамошно поплавување.

– Нивите и во овој дел од Пелагонија пливаат под вода. Нивото на Црна е 3,90 метри и не ни останува ништо друго освен да правиме насипи, за да не се повтори сликата од пред еден месец – вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Она од што најмногу стравуваат мештаните во Пелагонија е наглото топење на снегот во Демирхисарско.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...