fbpx

„Романо Авази“: Владата да им се извини на Ромите

-

Здружението за зајакнување и за организирање на ромската заедница „Романо Авази“ е згрозено по објавувањето на последната „бомба“ од лидерот на опозицијата во Република Македонија. Тие бараат од Владата на Република Македонија јавно да се извини на Ромите за она што цела јавност го слушна.

„Во објавените снимки од телефонските разговори, во јавноста се обелодени дека на власта секогаш ѝ е најлесно да ги добива гласовите на Ромите со брашно, социјална помош, одземање на лична документација, закани и со слични методи кои претставуваат директно газење на човечкото достоинство. Се користат лошата социо-економска ситуација и мирољубивоста на ромскиот народ за политички да се манипулира со него. Нарекувањето на припадниците на ромскиот народ со навредувачкиот збор „циган“ е доказ за расизмот кој владее, се надеваме меѓу поединци во Владата. Прекршена е, меѓу другото, меѓународната декларација за човекови права, иако Македонија е една од земјите-потписнички на истата. Почитувани претставници на Владата, извинете се и преземете мерки ова да не се повтори“, стои во соопштението.

Во соопштението се вели и дека Ромите не сакаат да бидат „шампиони“ само на политички митинзи.

„Сакаме да бидеме перцепирани и прифатени како луѓе, државјани на Република Македонија и да ги уживаме правата што ни се гарантирани во Уставот. Сакаме да напредуваме, како и сите други, не трудете се да нè „уназадите“. Гневот што го чувствува ромскиот народ поради сите проблеми со кои се соочува, само повеќе нè мотивира да се организираме и да дејствуваме против неправдите. Затоа, за да не излеземе на улица и да се „влечеме за уши“, бараме од Владата на Република Македонија, пред сè, од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, доколку навистина негува и дејствува со морални вредности, јавно да им се извини на Ромите“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...