fbpx

Дождот ѝ пркоси на есенската берба во Пелагонија

-

Силен, пороен дожд со грмотевици и со ветер го зафати ноќеска битолско-пелагонискиот регион.
Дождот истураше до раните утрински часови, а според Управата за хидрометеоролошки работи, наврнаа 53 литри на еден квадратен метар. Дождот повторно ги стави во стравувања пелагониските земјоделци.

Силните и поројни дождови во битолско-пелагонискиот регион веќе ѝ пркосат на есенската берба на родот, а се сериозна закана и за реализирањето на есенската сеидба во најголемата житница во државата, се жалат земјоделците.

Штетите се бележат на бербата на сончогледот, првите и најквалитетни лисја на тутунот, како и на градинарските производи, пиперката и на компирот. Земјоделците се жалат дека пиперката веќе е под вода и скапува, исто како и компирот и доматот.

– Се надеваме дека времето ќе попушти, зошто од силниот дожд веќе имаме штети на сончогледот, најквалитетните листови од тутунот сега се берат, а не може да се влезе по нивите. Под знак прашање е и бербата на пиперот и на другите градинарски култури – вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци.

Најголемите стравувања за земјоделците од овој регион е реката Црна. Акцијата за чистење на реката е во тек. Локалните власти убедуваат дека ситуација е стабилна и нема пријави за излевање на реката по земјоделските површини.

– Ситуацијата во Пелагонија е под контрола, до вчера успеавме да ги затвориме сите 16 пропусти, а помогна и чистењето на коритото на реката од големата вегетација, од дрвја и од наноси. Засега немаме пријави за штети од дождот – вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...