fbpx

Во Пелагонија поплавени 400 хектари

-

Поплавите земаат замав во Пелагонија. Пелагониските власти го свикаа кризниот штаб откако Црна Река денеска поплави повеќе од 400 хектари во делот на Општина Новаци, кај село Гнеотино. Поплавите ги кренаа на нозе општинарите, Земојделски комбинат „Пелагонија“, Водостопанско претпријатие „Битолско Поле“, како и Регионалната дирекција за заштита и спасување.

По проверките на терен, утврдено е дека пробиен е десеттиот канал, надојдените води го пробиле насипот и поплавиле 100 хектари земјоделски површини на индивидуални земјоделци и 300 хектари површини на „Пелагонија“.

– Поплавите имаат тенденција да се прошируваат иако нивото на Црна е намалено за 20 сантиметри и изнесува 3,80 метри. Поради неповолната временска прогноза за следните денови, односно најавата за нови обилни врнежи за четврток и за петок, денеска се состанавме за да се координираме и да ги преземеме потребните мерки за да не дојде до влошување на сегашната состојба. На терен, на критичните точки, постојано се интервенира со механизација, активирани се пумпи кои ја црпат водата од поплавените површини и ја враќаат во реката Црна – вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазе Котевски.

Општината преку соопштение ги извести земјоделците што претрпеле какви било штети од настанатите поплави да достават барање до Комисијата за процена на штети при Општина Новаци, за да се направи увид.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...