fbpx

Кривична за 11 лица, откриени 88 „илегалци“ од Сирија, Авганистан, Сомалија и од Гана

-

Министерството за внатрешни работи изминативе денови реализираше девет случаи на нелегален транспорт на мигранти, во кои до надлежното Јавно обвинителство се поднесени кривични пријави против 11 лица, од кои двајца државјани на Грција, еден српски и еден бугарски државјанин. Притоа, откриени се и 88 странски државјани, од кои 50 се сириски државјани, 23 лица се од Авганистан, 13 од Сомалија и двајца од Гана. Од страна на судија на претходна постапка, за осум од пријавените се одредени мерки притвор, и тоа за тројца во траење од осум дена, а за другите петмина во траење од 30 дена.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.