fbpx

Јолевски: Македонија е докажан партнер во воспоставувањето на глобалниот мир

-

Македонија што поскоро треба да добие покана за полноправно членство во НАТО, со што значително ќе се влијае на зачувување на мирот, демократијата и на просперитетот во регионот на Југоисточна Европа и пошироко, порача министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на средбатa во Вашингтон со Саманта Смит, директор за Балканот, Црноморскиот регион и за Кавказот во Советот за национална безбедност на Белата куќа.

– Македонија продолжува со реформските зафати во одбраната, но и во образованието, здравството и во економијата. Со учеството во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО, ОН и од Европска Унија, Македонија и нејзините граѓани покажуваат дека се посветени на развојот на современите вредности на глобално ниво – посочи министерот Јолевски.

Во тој контекст, додаде министерот, е и учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија во новата мисија на Алијансата, „Одлучна поддршка“.

Со оваа средба министерот Јолевски ја заврши посетата на Соединетите Држави, во чии рамки оствари значајни средби со поголем број претставници на американскиот Сенат и на Конгресот, претставници на водечки и влијателни „тинк-тенк“-организации и ја пренесе пораката за потребата од што е можно побрзо зачленување на Македонија во НАТО.

Воедно, министерот Јолевски оствари и средби со претставници на Командата за специјални операции на вооружените сили на САД, при што беа разгледувани идните чекори за унапредување на соработката помеѓу специјалните сили на Република Македонија и на Соединетите Американски Држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...