fbpx

Струга: Граѓаните да донираат помош преку телефонските броеви на Црвениот крст

-

Адуриме Даути, секретар на општинската организација на Црвениот крст во Струга, упати апел до граѓаните кои сакаат да помогнат за настраданото население во поплавите во Македонија, тоа да го прават со парични средства преку телефонските броеви на Црвениот крст на Македонија.

Даути појаснува дека е собрано огромно количество средства за хигиена и пакети со вода за пиење, а населението од поплавените региони има потреба и од друга помош.

– Бидејќи е собрано големо количество вода за пиење и средства за хигиена, кое ги покрива потребите на населението што е поплавено, апелирам до сите заинтересирани правни субјекти и граѓани, дополнително да се вклучат и со обезбедување парична помош преку донирање 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 – вели секретарот на струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...