fbpx
Македонија Страница 1871

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да се испере за криминалното владеење во Охрид

Од ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес-конференција на СДСМ во Охрид реагираат дека партијата продолжува да ги повторува истите монтирани, креирани и прилепувани материјали добиени по нелегален пат. Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се обидува со креираните и манипулативни материјали да се испере за криминалното владеење на нивниот поранешен...

Димитров во „Њујорк тајмс“: ЕУ да заземе поцврст став околу Македонија

Европската унија мора да заземе поцврст став околу Македонија. Мора да даде до знаење дека Македонија повеќе не е функционална мултиетничка демократија со која има иднина во ЕУ и НАТО, пишува  поранешниот амбасадор и член на Амстердамската тројка Никола Димитров во колумна за „Њујорк...

Едно лице рането во вооружен инцидент во Струга

Едно лице е рането во вооружен инцидент, кој денеска, околу 12.30 часот, се случил во центарот на Струга, јавува порталот „Охрид прес“. Според првичните неофицијални информации, пукањето се случило поради недоразбирање меѓу неколку лица, во спортска обложувалница во близина на хотелот „Београд“. Во инцидентот еден од...

Полицијата има трага од потпалувачите на возилата во Битола

Полицијата им влезе во трага на сторителите што ноќеска запалија две возила во Битола. Неофицијално, потпалувачите на местото на настанот оставиле фантомка и хируршки ракавици. За опожарувањето на возилата во вторникот во раните утрински часови, засега полицијата не коментира. Но, за денешниот случај, вели дека нема...

Одбележан Јом Ашоа – Денот на сеќавање на холокаустот и хероизмот

Еврејската заедница во Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска  го одбележаа Јом Ашоа – Ден на сеќавање на холокаустот и хероизмот. Комеморацијата почна пред Меморијалниот центар на холокаустот, со поздравен говор на Пепо Леви, претседател на Фонд на холокаустот на Евреите...

СДСМ од Охрид: ВМРО-ДПМНЕ добивала избори со вагабонти

Претседателот на општинската организација на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев, на денешната прес-конференција објави разговори за злоупотреба на медиумите, за купување парцели во Охрид од интерес на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, фабрикувани скандали и местенки пред локалните избори во 2013 година. Според него, во 2013 година,...

Позитивно оценета борбата на Македонија против трговија со деца

Последниот извештај на експертската група за акција против трговијата со деца (ГРЕТА) при Советот на Европа, алармира дека 31 од 35 земји во Европа не прават доволно во оваа област. Извештајот беше објавен денеска во Брисел и покажува сериозни недостатоци во владините политики во Европа. Извршната секретарка,...

Дебатата за МТВ ги подели новинарите

На моменти со висок тон и со крајно спротиставени ставови помина денешната дебата насловена „Каков јавен сервис ѝ е потребен на Република Македонија“, организирана од ЗНМ. За членовите на ЗНМ, МТВ е непрофесионален јавен сервис кој не е во интерес на граѓаните, додека за уредниците...

Новите антикорупционери се запознаа со јавноста

Новиот претседател на Комисијата за спречување корупција, Горан Миленков, на правата средба со новинарите најави дека комисијата ќе работи транспарентно и дека редовно ќе ја известува јавноста за сите случувања и покренати постапки, но го игнорираше прашањето за тоа дали се сретнал со неговиот претходник...

Ахмети бара Брисел и Вашингтон да се вклучат во решавањето на политичката криза

Лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со амбасадорот на Европска унија во Скопје, Аиво Орав, соопштија од ДУИ. На средбата, Ахмети и Орав разговарале за политичката ситуација во Македонија, политичкиот дијалог, меѓуетничките односи, како и за интеграцијата на Македонија во Европската унија. Ахмети истакнал...

Охрид: Денеска „бомба” и говор на Зоран Заев на градскиот плоштад

Членството на СДСМ од Охрид, со нагласено внимание ги очекува за денеска најавените партиски активности и присуството на опозицискиот лидер Зоран Заев. За 14 часот, во хотелот „Ривиера“, е закажана тематската прес-конференција, посветена на локални теми, а на која ќе бидат објавени нови прислушувани материјали,...

Почна постапката за смена на ректорот Жоглев

Битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ избира нов ректор. Вчера официјално почна постапката за избор на наследник на актуелниот ректор Златко Жоглев. - Ректорската управа и Универзитетскиот сенат одржаа редовни седници. Една од точките на дневниот ред беше отворање постапка за избор на ректор на УКЛО. Според актите...

Возилата запалени во Битола биле на активистка на СДСМ и на Грк

Битолчанката Јасмина Кочевска, активистка на СДСМ и сопственичка на „опелот“ што ноќеска беше опожарен, за „Мета“ вели дека е крајно вознемирена од инцидентот, особено зашто нејзиниот автомобил бил запален само пет минути откако нејзиниот син го паркирал пред зградата, во близина на Техничкото училиште. Синот на Кочевска...

Почнува прекуграничниот саем на ИПА во Струга

Прекуграничниот саем на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за добри практики и за правилно користење природни ресурси денеска почнува во Струга. На саемот ќе бидат претставени рачни изработки и традиционални јадења од пограничните општини од Македонија и од Албанија. Саемот претставува заокружување на проектот „Подобрување...

Регионална конференција за вработување

Дводневна регионална конференција за вработување денеска почнува во Скопје, а главни теми ќе бидат создавањето работни места за поттикнување еднаквост и просперитет. На конференцијата, која е организирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Меѓународната организација на трудот (МОТ), ќе учествуваат стотина креатори...

Одбележување на Националниот комеморативен ден на холокаустот

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Ашоа - Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен...

Села: Граѓаните не поддржуваат меѓуетнички тензии

Секое решение на политичката криза треба да дојде преку Собранието на Република Македонија, а не преку друг орган. Затоа треба да се седне и да се најде решение. Решението е да се направи техничка влада и аферата со прислушување да се искористи за да се...

Уште две возила ноќеска гореа во Битола

Ноќеска, околу 2.30 часот, на улица спроти Техничкото училиште во Битола, опожарени се два автомобили, марка „мазда“ и „опел астра“. Очевидци велат дека се слушнала силна експлозија и веднаш по неа уште една. Од СВР Битола го потврдуваат и овој инцидент, но повеќе информации најавуваат откако...

Заменик помошник државен секретар на САД во посета на Македонија

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и за Азија, Хојт Ји, денеска ќе допатува на дводневна посета во Македонија. За време на посетата, Ји ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со народниот правобранител Иџет Мемети. Заменик помошникот државен секретар исто...

Сончево и топло, со температури до 24 степени

Сончево и ведро утро, а такви временски услови ќе се задржат во текот на целиот ден. Денеска дневната температура ќе достигне до 26, а утре и до 28 Целзиусови степени. Максималната дневна температура во Скопје ќе биде 24 Целзиусови степени. Сончево и топло време е прогнозата и...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...