fbpx

Полицијата има трага од потпалувачите на возилата во Битола

-

Полицијата им влезе во трага на сторителите што ноќеска запалија две возила во Битола. Неофицијално, потпалувачите на местото на настанот оставиле фантомка и хируршки ракавици.

За опожарувањето на возилата во вторникот во раните утрински часови, засега полицијата не коментира. Но, за денешниот случај, вели дека нема индиции дека имало политичка заднина.

– Во близина на местото на настанот пронајдени се материјални траги кои ќе бидат предмет на криминалистичко вештачење – вели Магдалена Димитровска, портпаролка на СВР Битола.

Во инцидентот ноќеска настрадаа вкупно четири возила, а предизвикана е материјална штета од еден милион денари.

Социјалдемократите од Битола денеска отворено обвинија дека и вториот инцидент со опожареното возило во Битола е со политичка заднина, затоа што е сопственост на активистка на СДСМ од Битола.

Потпретседателотот на СДСМ, Александар Кирацовски, вели дека никој нема да ги замолчи да ја обелоденат „Вистината за Македонија“.

– Предупредуваме дека неотрикавањето и неказнувањето на сторителите на овие два инцидента, отвора можност за свесно движење кон ескалација на штета на граѓаните на Македонија – рече Кирацовски.

Партијата на власт во Битола, пак, ја обвини СДСМ дека си игра, шпекулира и инсинуира во јавноста со приватни и со неразјаснети случаи на палење автомобили.

– Ова е Битола и тука живеат битолчани, космополити, а потоа членови на која било друга политичка партија. Ги повикуваме истражните органи да ги расветлат ваквите случаи – рече Благој Шаклевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.
А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...