Возилата запалени во Битола биле на активистка на СДСМ и на Грк

-

Битолчанката Јасмина Кочевска, активистка на СДСМ и сопственичка на „опелот“ што ноќеска беше опожарен, за „Мета“ вели дека е крајно вознемирена од инцидентот, особено зашто нејзиниот автомобил бил запален само пет минути откако нејзиниот син го паркирал пред зградата, во близина на Техничкото училиште.

Синот на Кочевска се вратил дома околу 2.30 часот по полноќ и кога ја отворил влезната врата од станот, слушнал силна експолозија, а веднаш по неа следувале уште четири други. Се симнал пред зграда и видел дека неговиот автомобил е во пламен.

– Како на филм, нашиот автомобил беше вивнат во палмен. Од силната експлозија беше четири метри поместен од местото каде беше паркиран. Огнот се прошири и зафати автомобил на грчки државјани. Сме имале среќа, автомобилот гореше само неколку минути откако синот го паркира. Ужас – вели Кочевска за „Мета“.

Таа се сомнева дека и овој инцидент има политичка заднина. Но, сепак, остава тоа да го докаже истрагата. Тврди дека досега немале закани, ниту таа, ниту нејзиниот син.

Кочевска за себе вели дека е долгогодишен член на СДСМ и остар критичар на власта. Како поддржувач на опозицијата, откако дошла оваа власт, останала без работа по 15 години стаж во образование.

– Јас сум активиостка на СДСМ и дел од локалните структури на партијата. Останав без работа токму кога оваа власт дојде на чело на државата. Години се борев за егзистенција, ме избркаа од работа иако имав решение за постојан работен однос – вели Кочевска.

Како колатерална штета, синоќа настрада и возило на Грк кој престојувал во Битола. И неговата „мазда“ е целосно оштетена.

Оваа недела, за само три дена во Битола се опожарени четири автомобили.

Битолчанецот Марјан Јовановски, чиј автомобил изгоре во понеделникот, тврдеше дека случајот има политичка заднина бидејќи бил активист на опозицискиот СДСМ и остар критичар на власта на социјалните мрежи.

А.Б.

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели...

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Откако вчера на социјалните мрежи стана вирално видео на кое маж крвнички тепа жена додека е вклучен во живо на социјалната мрежа „ТикТок“, веднаш беше приведен. Додека се чека официјално соопштение од...

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Пишува: Теофил Блажевски   СДСМ и ДУИ во последните два дена излегоа со ставови во јавноста во врска со истрагата за трагедијата во Кочани во кои има сличности во настапот, но и разлики. Ваквата...

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека воведува 25% тарифи на увозните автомобили, потег кој Белата куќа тврди дека ќе го поттикне домашното производство, но истовремено може да ги оптовари автомобилските...

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во...