fbpx

Охрид: Денеска „бомба” и говор на Зоран Заев на градскиот плоштад

-

Членството на СДСМ од Охрид, со нагласено внимание ги очекува за денеска најавените партиски активности и присуството на опозицискиот лидер Зоран Заев.

За 14 часот, во хотелот „Ривиера“, е закажана тематската прес-конференција, посветена на локални теми, а на која ќе бидат објавени нови прислушувани материјали, во рамките на проектот „Вистината за Македонија“, со обраќање на претседателот на општинската организација на СДСМ од Охрид, Томислав Тунтев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, уште поодамна изјави дека новиот градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески, треба да замине посрамотен, откако ќе одекне вистината како тој дошол до градоначалничката функција на последните локални избори, пред нешто повеќе од две години. Се очекуваат компромитирачки материјали и за функционери од локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но и за републички функционери околу нивни наводни незаконски постапувања со изборите, урбанизацијата и слично.

За попладне, закажан е и „Марш на вистината“, кој ќе почне во 18.30 часот на плоштадот Крушевска Република, кај стариот чинар. Маршот ќе заврши на градскиот плоштад, со обраќања на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и на уште двајца високи партиски раководители: потпретседателот Дамјан Манчески и членот на извршниоит одбор, Ѓоко Танасоски.

Вечерашниот митинг на СДСМ ќе биде уште една можност опозицискиот лидер Заев да упати одредени пораки до јавноста и особено кон политичкиот опонент ВМРО-ДПМНЕ. Извори од локалното раководство во Охрид, за „Мета“ потврдуваат дека Зоран Заев ќе ја искористи првата можност да се изјасни за предлозите и за маглата што во јавните настапи ја создаде лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, за некаква обострaна амнестија. Тоа, велат во партијата, ги вжештило телефоните.

Во партијата велат дека не е нивна практика, ниту тоа ќе биде случај денеска, организирано да се носат партиски членови и активисти од други градови. Можно е, по сопствена иницијатива, индивидуално, да допатуваат членови од соседна Струга, евентуално некој и од Ресен, како и од партиската организација во општина Дебрца.

Познавачите на состојбата, присуството на дебрчани го гледаат и од аспект на притаеното незадоволство на мала група активисти и поранешни функционери, семејно и емотивно поврзани со поранешниот лидер Бранко Црвенкоски, по потекло од Слатино, општина Дебрца. Соработката на формално ниво, помеѓу двете општински организации, тече одлично, велат во Охрид, но не сакаат да навлегуваат во шпекулации за делби и за разногласие.

Официјално, за прес-конференцијата и за митингот на Заев, од коалициските партнери, поканети се ЛДП, НСДП и една од партиите на турското население.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...