fbpx
Македонија Страница 1872

Македонија

Заев и денеска во Обвинителство

Четвртообвинетиот во случајот „Пуч“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе дава исказ во Јавното обвинителство. За истиот случај, првообвинетиот Зоран Верушевски два дена даваше исказ во обвинителството. Во вторникот Заев даваше исказ за случајот „Поткуп“.

Величетврток, ден во средината на страдалната седмица

Денеска е Величетврток  во средината на страдалната седмица, седмица што е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата, беше установена животоносната тајна на црквата, тајната на евхаристијата. Таа тајна е установена во горната соба...

Прооден патот Прилеп – Ресен

Патниот правец А3 Прилеп - Ресен - обиколка Битола, кој беше затворен поради одрон и свлечиште, во моментов е пуштен за сообраќај. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот,...

Сончево и ветровито

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 70 километри на час. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 Целзиусови степени, а дневната од 7 до...

Заев од Битола: Ниту сум велепредавник, ниту сум херој

Неколку стотици битолчани вечерва маршираа по Широк сокак откако 19. „бомба“ одекна во Битола, откривајќи го криминалот на локално ниво, изборните манипулации и местенките на лустраторите. Со битолчани маршираше лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој ѝ возврати на власта за обидот да го прогласи...

„Меѓаши“: Директорите и наставниот кадар имаат одговорност пред учениците, а не пред партиите

Првата детска амбасада „Меѓаши“ денеска најостро го осуди притисокот што се врши врз средношколците кои протестираат. „Најостро ги осудуваме затворањата врати (кога учениците се внатре и/или кога учениците се надвор); однапред предодредените неоправдани изостаноци додека учениците се во училиштата; родителските состаноци проследени со „информации“ кои казни...

„Цивил“ бара властите да го почитуваат правото на протест на учениците

Невладината организација „Цивил“ денеска побара од надлежните институции и установи да го почитуваат правото на протест на учениците и да не го користат стравот како средство за манипулација со учениците и за нивно замолчување. „Ги потсетуваме дека правото на протест, слободата на изразувањето и слободата...

„Средношколски пленум“: МОН сака да го задуши револтот кај средношколците

„Средношколски пленум“ ја осуди постапката на Министерството за образование и наука со која преку класните раководители бара согласност од родителите за стапувањето во бојкот. „Новата одлука на МОН, со која се бара согласност од родителите, ја сметаме за груб притисок врз средношколците и бојкотот воопшто. Ова...

Ромите бараат да се повлече новиот правилник за социјална помош

На денешниот протест пред Владата, Ромите побараа јавно извинување од Гордана Јанкулоска, министерката за внатрешни работи, по објавувањето на снимените разговори во кои се слуша како, за време на предизборната кампања, министерката предлага Ромите да се извадат на гласање така што ќе бидат влечени за уши, објави...

Поднесено обвинение за убиството што се случи на Детска клиника

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против момчето што ја задави, па ја фрли од покривот на Клиниката за детски болести својата девојка, медицинска сестра. „Лицето е обвинето бидејќи на 9 јануари 2015 година, околу 19 часот, во кругот на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во...

Заев упати честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија. „Денешниот 8 Април, за жал, за граѓаните Роми во Македонија е потсетување на другата крајност во која живее ромската заедница во земјава последниве години: несовесно...

Премиерот Груевски го честиташе Меѓународниот ден на Ромите

Премиерот Никола Груевски им го честиташе 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите на сите припадници на ромската етничка заедница. „На овој ден, Македонија ја обележува културната специфичност и традиции на ромската заедница, која е една од најстарите на нашата територија. Со Вашата единствена и...

Антикорупциска комисија наскоро со нов состав

На денешната седница на собраниската комисија за избори и именувања, составот на комисијата предложи да се изберат седум нови членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Двајца од членовите, Сејди Халили и Фарие Алиу, се од претходниот состав, а предложени се Горан Миленков,...

ДИК ќе го разрешува претседателот на ОИК Центар

На следната седница на Државната изборна комисија (ДИК), Никола Рилковски, претседателот на комисијата ќе покрене постапка за да се разреши Коста Митровски, претседателот на Општинската изборна комисија во Центар, кој во еден од разговорите што ги објави СДСМ, на министерот за транспорт и врски, Миле...

Битолската „бомба“ удри по лустрацијата, уцените и по гласањето

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски, денеска одржа прес-конференција на која објави прислушувани разговори за градот. На почетокот пушти веќе објавен разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, во кој тие коментираат за градоначалникот Владимир Талески. Тие разговараат за склучен...

Заев се сретна со холандскиот амбасадор Јоп Хеферс

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Јоп Хеферс, со кој разговарал за можниот излез од политичката криза, за причините за сложената ситуација во земјата и за последиците на економски план и врз европерспективите. На средбата Заев му објаснил на...

Бугарскиот историчар Пасков: Македонија за нас е многу повеќе од Киев за Русија

Македонија е особено важна тема во политичкиот живот на Бугарија, оцени бугарскиот писател, историчар и блогер Пламен Пасков во дебатата за Првата светска војна која ја организираше рускиот портал „Правда“. - Македонија за нас е многу повеќе од тоа што Киев е за Русија. Тоа...

Талески: Блиску е крајот на вампирската политика на СДСМ

Само неколку часа пред да одекнат „бомбите“ на Заев во Битола, битолскиот градоначалник Владимир Талески излезе на прес-конференција со напади и со обвинувања на адреса на опозицијата и на нивиот проект „Вистината за Македонија“. Како ретко кога, Талески се појави на партиската говорница на општинскиот...

Тетовските средношколци протестираа и ја бојкотираа наставата

Дел од учениците од Земјоделското училиште кои следат настава на македонски јазик, со протестен марш по улиците, го искажаа незадоволството поради новиот начин на полагање државна матура и екстерно тестирање. Учениците Македонци и од другите тетовски училишта ја бојкотираа наставата. Тие велат дека имале притисоци да...

Шекеринска за БТВ: Системот на Груевски е во фаза на распаѓање

„Најголемиот удар врз власта е што сите овие податоци што тие ги користеле против нас, против граѓаните на Македонија, сега се свртеа против нив. И тоа е проблемот со сите автократски раководители. Тие мислат дека ако ги држат сите информации, ако ги држат сите...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...