fbpx
Македонија Страница 1785

Македонија

ОН: Македонските власти да ги известат сите прислушувани

Комитетот за човекови права на Обединетите нации во својот последен извештај за состојбата со човековите права во Македонија, објавен вчера, бара од властите во земјава да ги известат сите граѓани што биле цел на нелегалното прислушување, за да можат да ги искористат правните механизми...

Укинат притворот на Соња Верушевска, мерката заменета со куќен притвор

Скопскиот кривичен суд денеска ѝ ја укина мерката притвор на Соња Верушевска, една од обвинетите во случајот „Пуч“, и ја замени со мерка куќен притвор, соопштија од судот. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 попладнево доставил решение со кое...

Иако има 14 владини функционери, ДУИ испраќа апели до „надлежните“

Двајца потпретседатели на влада, седум министри, четворица заменици-министри и двајца државни секретари има Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Владата. И покрај оваа бројка, ДУИ цело време само апелира до надлежните да си ги вршат обврските, како 14 функционери да не ги прават и нив...

Каргов: Најмногу претставки добиле инспекторите за труд

Инспекцискиот совет денеска разгледуваше осум претставки, од кои четири се поднесени против инспектори од Државниот инспекторат за труд. Другите претставки се за инспектори од пазарен, просветен, управен и од инспекторат за храна. - Во претставките од денешната седница, најмногу се однесуваат на трудовите инспектори кои...

Интензивираната комуникација Атина – Скопје нема да прекине поради грчката криза

Независно од внатрешните политички превирања, грчкото министерство за надворешни работи планира да продолжи со интензивираната активна политика на соработка со Македонија во насока на подобрување на односите и решавање на спорот за името. Според информациите од дипломатски кругови во Грција, во грчкото МНР се размислува...

Двајца приведени за вооружениот инцидент во Куманово

Две лица се приведни и неколкумина се повикани на информативен разговор за инцидентот што вчера се случи во кафе-барот „Шпија јон“ во кумановската населба Бедиње. Како што соопштуваат од СВР Куманово, пред инцидентот имало вербална расправија меѓу гостите во кафулето, по што дошло и до пресметка со...

Се одбележуваат 52 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

В недела, на 26 јули, во 10 часот, на Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе. Во Дневниот центар за дарување крв на...

МАНУ и БАН ќе организираат научна конференција во Битола

Денеска во Битола, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Бугарската академија на науките (БАН) организираат научна конференција „Ослободителните борби на Македонија од источната криза до Балканските војни“. Свои излагања на конференцијата ќе имаат повеќе академици од двете земји. В сабота учесниците на конференцијата ќе...

Времето денеска сончево со умерена облачност

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 13 до 21 Целзиусови...

ДУИ: Надлежните да го расветлат убиството во Куманово

Демократската унија за интеграција ги повика надлежните да го расчистат денешниот вооружен инцидент во Куманово, во кој едно лице е убиено, а две се ранети. Партијата изрази сочувство до семејството на убиениот, а на повредените им посака побрзо закрепнување. Инцидентот се случил денеска попладне, кога непознато...

Еден загинат и еден ранет во престрелка во Куманово

Најмалку две лица се застрелани денеска, околу 15.30 часот, во населбата Бегиње во Куманово, потврдија од СВР Куманово. Полицијата јавува дека станува збор за едно повредено и за едно починато лице, но не открива повеќе детали. Според телевизијата „Телма“, непознат извршител од зелен „мерцедес“ во движење...

МВР: Склучен договор за признавање на возачките со уште пет држави

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека склучило договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и со Црна Гора. Од МВР информираат дека врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 година, меѓусебно признавање на возачките дозволи има...

Димовски: Обвинителството и судовите се независни

„Вчерашната средба на работната група е, ако не се лажам, седма по ред. На претходните, членовите на СДСМ или ќе дојдеа и веднаш ќе си заминеа или воопшто не доаѓаа. Причината поради која не се известува јавноста за тие средби е да има поголем...

СДСМ: Зврлески нема ни професионален ни морален кредибилитет да носи одлуки

„Материјалите од прислушувањето и содржините од него се надлежност на специјалниот јавен обвинител. Тој е единственот што во независна и непристрасна постапка, ослободен од рацете на Никола Груевски, може да донесе одлуки во кои ќе верува јавноста“, изјави на прес-конферeнција Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ. Тој...

Град Скопје подготвен за справување со пожарите во летниот период

Скопската противпожарна бригада минатата недела имала вкупно 74 интервеции, од кои 60 биле на отворен простор, а другите 14 по пријави за опожарени автомобили, објекти и технички интервенции, информираат од Град Скопје. Оттаму велат дека Штабот за заштита и спасување е целосно подготвен и опремен...

Шекеринска: Во соопштението на Обвинителстото недостига само едно име – она на Никола Груевски

Од известувањето на Oбвинителство се гледа дека тоа немало ниту намера чесно и независно да ги истражува објавените криминали, изјави Радмила Шекеринска, заменик-претседателката на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање. - Можете да забележите многу имиња во соопштението, луѓе кои разговарале, луѓе чиј криминал бил покажан...

Сончево и топло време со температура до 38 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд со грмежи, кои ќе бидат поизразени во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската...

Првиот состанок на работната група за Пржино – неформален и информативен

Околу два часа траел првиот состанок на работната група, составена од претставниците на четирите најголеми политички партии со експерти од ОБСЕ, на кој, како што пренесуваат медиумите, се разговарало за модалитетите и се изнесувале компаративни искуства во повеќе земји за тоа како да се...

Законот за завршување на лустрацијата го помина првото читање во Собранието

Предлог-законот за завршување на процесот на лустрација, односно за престанување на важењето на Законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, денеска помина во првото читање во Собранието. Предлагачи на Законот со кој завршува лустрацијата се пратениците Илија Димовски и Антонио Милошоски од...

Ограничено движење во шумите до 5 август

Од денеска до 5 август се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и во шумските појаси во период од 7 часот наутро од 17 часот попладне, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што информираат оттаму, во шумите ќе можат да...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...