Иако има 14 владини функционери, ДУИ испраќа апели до „надлежните“

-

Двајца потпретседатели на влада, седум министри, четворица заменици-министри и двајца државни секретари има Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Владата.

И покрај оваа бројка, ДУИ цело време само апелира до надлежните да си ги вршат обврските, како 14 функционери да не ги прават и нив дел од „надлежните“.

Последно нешто за што ДУИ апелираше до „надлежните“ е да го расветлат вчерашниот вооружен инцидент во Куманово, иако еден од замениците-министри на ДУИ е токму тој за внатрешни работи.

Претходно, одговорајќи на новинарско прашање за реакција на партијата за острите забелешки што ги усвои советот на ЕУ за Македонија, Бујар Османи, портпаролот на ДУИ, рече дека се задоволни од заклучоците бидејќи биле многу слични со заклучоците што ДУИ ги усвоиле на последната седница на претседателството.

Ова се функционерите на ДУИ во Владата:

Заменик-претседател на влада – Фатмир Бесими (евроинтеграции)
Заменик-претседател на влада – Муса Џафери (Рамковен договор)
Министер за правда – Аднан Јашари
Министер за животна средина – Нурхан Изаири
Министер за образование – Абдилаќим Адеми
Министер за економија – Бекир Незири
Министер за локална самоуправа – Лирим Шабани
Министер без ресор – Неждет Мустафа
Министер без ресор – Висар Фида
Заменик-министер за финансии – Ардиан Џеладини
Заменик-министер за внатрешни работи – Земри Ќамили
Заменик- министер за одбрана – Иљми Селами
Заменик-министер за труд и социјала – Ибрахим Ибраими
Државен секретар во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Бесир Јашари
Државен сектретар во Министерство за култура – Бехиџудин Шехаби
Државен секретар во Министерство за здравство – Насуф Ипчаја

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две...

Играта „Warframe“ има ново продолжение наречено „1999″

Излегувањето на алтернативното продолжениe за бесплатната игра Warframe наречено „1999” ја буди носталгијата од Сајберпанк филмовите, стриповите, музиката и книгите во осумдесетите и деведесетите години од минатиот век. Ова е трејлерот...

Грузиските пратеници избраа екстремно десничарски и критичар на Западот за нов претседател

Грузиските пратеници го избраа Михаил Кавелашвили за нов претседател, пренесува „Гардијан“. Според медиумот, сега уставната криза се продлабочува бидејќи според опозицијата, изборот на поранешниот фудбалер Михаил Кавелашвили е „нелегитимен“. „Грузиските пратеници го...

Од почетокот на епидемијата, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица

Од почетокот на епидемијата на пертусис, која трае безмалку една година, неделава за прв пат нема пријави за нови случаи на голема кашлица, соопштува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што...

Oхриѓанка измамена од непознато лице, ѝ одзело 300.000 денари од трансакциска сметка

Педесет и три годишна жена од Охрид, пријавила дека била измамена од лице за сума од 300.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Според пријавеното, лицето ѝ се јавило...