fbpx

Град Скопје подготвен за справување со пожарите во летниот период

-

Скопската противпожарна бригада минатата недела имала вкупно 74 интервеции, од кои 60 биле на отворен простор, а другите 14 по пријави за опожарени автомобили, објекти и технички интервенции, информираат од Град Скопје.

Оттаму велат дека Штабот за заштита и спасување е целосно подготвен и опремен да одговори во случај на пожари, кои поради високата температура често се јавуваат во летниот период.

„Штабот за заштита и спасување на Градот Скопје за справување со пожари во урбана средина и на отворен простор, располага со следнава механизација: 65 возила-цистерни, повеќе од 20 товарни возила, осум „скипови“, 11 бобкет-возила, еден голем багер и друга опрема за гасење пожари во урбана средина и на отворен простор. Исто така, располага и со повеќе лесни теренски возила. Човечкиот потенцијал со кој располага Штабот за заштита и спасување на Град Скопје изнесува околу 500 луѓе “, стои во соопштението на Град Скопје.

Штабот за заштита и спасување го сочинуваат јавните претпријатија „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Комунална хигиена“, „ЈСП – Скопје“, „Градски паркинг“ и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Од Град Скопје ги повикуваат граѓаните „со своето учество да придонесат за намалување на пожарите, односно да се придржуваат до мерките за превенција од пожари, но и доколку забележат евентуални пожари, веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 195“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...