Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека склучило договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и со Црна Гора.
Од МВР информираат дека врз основа на Виенската конвенција за патен сообраќај од 1968 година, меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралството Белгија и со Австрија, а во тек биле преговори за признавање на возачките дозволи со Косово, Турција и со Германија.
„Министерството за внатрешни работи и на другите земји од Европа им има доставено барања за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи, во согласност со Виенската конвенција“, стои во соопштението на МВР.