fbpx
Македонија Страница 1723

Македонија

Светскиот ден на здравата храна одбележан во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“

По повод Светскиот ден на здравата храна, децата од клонот „Пепелашка“ на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, денеска имаа практична едукација. Имено, учителките од градинката им покажуваа на децата како и колку треба да се јаде здрава храна. Министерството за труд и социјална политика, под чија надлежност...

До вторник треба сè да е готово, а преговорите на стенд-бај

Веќе десет дена е пробиен рокот што работните групи го имаа според Договорот од Пржино за да ја договорат изборната регулатива. Откако пред два дена СДСМ ги напушти работните групи, преговорите се во ќор-сокак, а денеска од опозицијата соопштија дека немаат намера да се вратат на...

Осум години од смртта на Тоше Проески

Големиот македонски пејач Тоше Проески, пред осум години, токму на 16 октомври, загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години. Во моментот на несреќата, Тоше се наоѓал на совозачкото седиште во возилото...

Гутерес: Македонија и Србија се клучни во менаџирање на мигрантската криза

Високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутерес, на средбата со претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, во Женева, истакнал дека Македонија и Србија се клучни во менаџирање на мигрантската криза и дека Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) настојува Брисел да овозможи поголема помош...

Ивон Величковски се сретна со Иво Вајгл

Ивон Величковски, претседател на Либералната парија, денеска се сретна со европратеникот Иво Вајгл. На средбата се разговарало за оцените за имплементација на Договорот од Пржино. - Природно е како либерали да размениме мислења за прашањата во заеднички фокус. Затоа ја користам можноста да ги изнесам...

СДСМ: Нема преговори додека не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство

Преговорите помеѓу четирите партии за отворените прашања нема да продолжат сè додека не се испочитува и не се спроведе законот за специјално јавно обвинителство, односно не се изберат предложените обвинители, реагираат од СДСМ. „Советот на јавни обвинители има обврска да го почитува законот и да...

Кекеновски: ФРОДЕМ ќе биде доверлив коректив на општествено-политичките состојби

Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) е мисија која посветено и ревносно ќе дејствува во правец да биде доверлив коректив на севкупните политичко-општествени состојби, изјави за „Мета“ професорот Јове Кекеновски, кој стои зад формирањето на новиот политички субјект, чие официјално појавување на македонската политичка сцена...

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура се движи од 7 до 15 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 17 до 22 степени. Во Скопје се очекува...

Шалом: Со Заев не разговаравме за безбедносни или финансиски прашања

Министерот за внатрешни работи и вицепремиер на Израел, Силван Шалом, имал куса и куртоазна средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за време на неговата посета на земјата, било наведено во соопштение од кабинетот на министерот, објави телевизијата „Телма“. Во соопштението, кое го пренел израелскиот...

Притвор за петмина од уапсените во полициската акција „Молња“

Судија на претходна постапка на петмина од вкупно седуммината осомничени што денеска беа уапсени во полициската акција „Молња“, им одредил притвор од 30 дена, а на другите двајца - мерка куќен притвор, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Осомничените се товарат за помагање терористичка организација и...

„Балкански форум за безбедност“: Бегалската криза ја прави кревка безбедносната состојба во земјава

„Балканскиот форум за безбедност“ денеска, пред студентите од Факултетот за туризам и угостителство и граѓани на Охрид, одржа дебата за бегалската криза, насловена „Европската бегалска криза - причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“. Во фокусот на дискусијата беше Република...

Груевски: Владата донесе оперативен план за вработување на 13.500 лица

Владата пред десетина дена донела оперативен план за вработувања за 2016 година, кој, како што изјави денеска премиерот, Никола Груевски, опфаќа 13.500 лица, од кои 8.700 ќе бидат директни вработувања. „Оперативиот план е усвоен пред десетина дена и за негова реализација ќе бидат инвестирани 11,5...

Комисијата за надзор и АР се брифираа за безбедносната состојба во земјава

Претседателот на парламентарната Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) и пратеник од СДСМ, Хари Локвенец, заедно со членови на Комисијата, денеска беа на средба со директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, на...

Мехмети: Или реформи во ДУИ, или станувам независен пратеник

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, не ја исклучува можноста да ја напушти матичната партија, иако тврди дека такво нешто не спомнала. Шпекулациите се засилија откако медиумите на албански јазик објавија дека таа ја напушта својата матична партија и ќе дејствува како независен пратеник. Вчера на својот...

„Твитер“: Груевски задоцни, Бејли му напиша уште еден неоправдан

Премиерот Никола Груевски доцнеше 50 минути од закажаниот почеток на манифестацијата за отворањето на новата учлишна зграда за учениците со оштетен вид од државаното училиште „Димитар Влахов“, по што амбасадорот на САД, Џес Бејли, реши да ја почне манифестацијата со министерот за образование и...

Иванов: Помина времето кога безбедноста на Европа се чуваше само на тлото на Европа

Државите од Западен Балкан мора да се интегрираат во архитектурата на безбедносниот систем на Унијата со непречен пристап до сите бази на податоци, истакна шефот на државата, додавајќи дека секоја земја може да придонесе со тоа што ќе го споделува своето искуство. Претседателот Ѓорге Иванов денеска...

Колку Зврлевски е неполитички обвинител, кажаа Јанкулоска и Ставрески во „бомбата“

Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, кој изјави дека за него специјалното обвинителство е политичко обвинителство, во една од „бомбите“ на опозицијата беше споменат од двајца политичари, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и поранешната министрека за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на кои, според снимката, им...

ЕУ: Законот за специјалниот обвинител е јасен, Јанева треба да добие целосна поддршка

Почитувањето на правото е особено важно, соопштија денеска од Мисијата на Европската унија во Република Македонија, по вчерашната одлука на Советот на обвинители да одобри само седум од 14 обвинители што ги предложи специјалната обвинителка, Катица Јанева. „Специјалниот обвинител беше договорен од четирите политички партии и...

Еден од уапсените во акцијата „Молња“ планирал напади во Скопје

Еден од седуммината уапсени во денешната полициска акција со оперативно име „Молња“, според сознанијата на МВР, додека се пукало во Диво Насеље на 9 мај, планирал да мобилизира група и да изврши напади на повеќе локации во Скопје, изјави помошникот-министер за внатрешни работи Иво...

Власта бара да се ограничи времето на зборување во битолскиот Совет

ВМРО-ДПМНЕ ќе го ограничува времето на зборување од советничката говорница во Битола. Ваквиот предлог предизвика бурна реакција кај опозицијата, која го квалификува чинот како вовед во тоталитаризам. Претседателот на Советот на Општина Битола, Силвана Ангелевска, најави ограничување на зборувањето од советничката говорница со измени на...

Промоција на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска

Утре во КСП Центар - Јадро ќе се промовира книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска, кураторка и теоретичарка на визуелна уметност. Книгата е...