fbpx

Комисијата за надзор и АР се брифираа за безбедносната состојба во земјава

-

Претседателот на парламентарната Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) и пратеник од СДСМ, Хари Локвенец, заедно со членови на Комисијата, денеска беа на средба со директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев, на која тема на разговор биле безбедносните закани и ризици со кои се соочува земјата.

По средбата, Локвенец не сакаше да соопшти детали, поради, како што рече, чуствителноста на темата, но рече дека од негова страна и од страна на неговите колеги биле „отворени прашања што во изминатиов период предизвикуваат сериозна загриженост кај граѓаните, токму од аспект на безбедноста“.

– Од страна на службите на Агенцијата за разузнавање, информирани сме дека тие редовно и навремено ги спроведуваат до надлежните сите информации со кои располагаат – изјави Локвенец.

Локвенец истакна дека средбата била остварена на покана на директорот на АР, а не за да се изврши надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка, следење комуникации, бидејќи тоа е надлежност на друга комисија.

На новинарско прашање каква е општата процена и дали има безбедносна опасност за Македонија, Локвенец изјави дека „безбедносни ризици секогаш постојат“.

– Нашата цел беше да се запознаеме со нив и да ги видиме активностите со кои Агенцијата за разузнавање се обидува да ги пресретне сите можни проблеми поврзани со нашата држава – рече претседателот на парлементарната комисија.

Во врска со прашањето за сомнежите што се шират во јавноста за вмешаност на функционери од АР во случајот со Диво Насеље во Куманово, Локвенец вели дека тој и неговите колеги добиле уверување дека сите собрани информации Агенцијата навреме ги пренела до врвот и до раководството на државата.

– Најважниот дел по ова прашање е начинот на функционирање на Агенцијата и нејзино доставување на сите потребни и на сите собрани информации до надлежните институции, до врвот на државата. Другите активности се поврзани со врвот на државата и тоа е нешто што не би го коментирал во овој момент. Исто така, не би ги коментирал ни деталите околу активностите на Агенцијата за разузнавање. Во секој случај, потврдено беше и уверени бевме дека сите собрани информации од нивна страна биле пренесени до врвот и до раководството на државата – рече Локвенец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...