fbpx

Власта бара да се ограничи времето на зборување во битолскиот Совет

-

ВМРО-ДПМНЕ ќе го ограничува времето на зборување од советничката говорница во Битола. Ваквиот предлог предизвика бурна реакција кај опозицијата, која го квалификува чинот како вовед во тоталитаризам.

Претседателот на Советот на Општина Битола, Силвана Ангелевска, најави ограничување на зборувањето од советничката говорница со измени на деловникот за работа. Според неа, секое излегување на говорница мора да биде ограничено со време, за да не се случи еден советник да го окупира микрофонот на седниците на Советот. Оваа новина претседателката ја соопшти на последната седница на Советот откако настана метеж пред говорницата од советниците од власта и од опозицијата за тоа кој да застане пред микрофонот, како и за тоа кој колку долго време барал збор.

– Начинот на кој се води оваа седница е карактеристика на тоталитарни режими, каде што не се дава еднаков третман на сите членови на Советот. Ова е начин да се замолчи опозицијата – рече Наташа Петровска, советничка од СДСМ.

Преседателката на Советот, Ангелевска, веднаш настапи со предлог да се смени деловникот за работа изгласан во 2005 години, бидејќи се покажал како непродуктивен.

– Деловникот на Општина Битола не го ограничува времето на зборување на советникот од говорницата, во основа еден советник може да зборува цел ден на говорница. Овде допира потребата од промена на деловникот за работа. За јавноста и за медиумите јас ќе побарам анализа на сите записници од кога е конституиран овој совет, па ќе видиме која е минутажата кога зборувала опозицијата, а колку време зборувале советниците на власта – рече Ангелевска.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...