fbpx

Бриселско „охи“ за барањето на Ципрас за итен ЕУ-самит

-

Шефот на Европскиот совет, Доналд Туск, го одби барањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас да се организира вонреден европски самит за разгледување на грчките проблеми во преговорите со кредиторите. Ципрас во телефонски разговор со Туск изразил незадоволство од сопките во преговорите и од инсистирањето на ММФ да се усвојат нови вонредни мерки од 3,6 милијарди евра, кои би се примениле доколку Грција до 2018 година не ги спроведе договорените цели.

Туск истакнал дека ќе покрене иницијативи да се свика еврогрупата, одбивајќи ја идејата за самит. Претседателот на Европскиот совет смета дека проблемот треба да се реши на ниво на министри за финансии, забележувајќи дека е неопходно да се свика состанок на еврогрупата итно, во следните денови. Туск апелираше дека мора да се избегне нова ситуација на неизвесност за Грција. Двајцата политичари се договориле да се слушнат одново утре за да оценат како стојат работите.

На Грција ѝ е неопходно да има состанок на еврогрупата за да се одобри договорот за мерки за штедење во висина од 5,4 милијарди евра, за кои се договорени грчките власти и кредиторите и со тоа да се даде зелено светло за исплаќање на дел од заемот за државата.

Изјавата на Туск создава нова неизвесност што ќе се случува со Грција, која е растргната меѓу нејзината грчка црвена линија да не се прифаќаат вонредни мерки и притисоците од ММФ да се одобрат мерки кои ќе бидат гаранција дека Грција ќе си стои на зборот и ќе ги исполни.

Лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, денеска отворено побара Ципрас да си даде оставка, коментирајќи дека државата не може повторно да ја преживува драмата од минатото лето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...