Европската Унија и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата на граничнот премин Евзони која е последица на штрајкот на грчките земјоделци, соопшти денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар, додавајќи дека очекува во најскоро време да се најде трајно решение.
Жбогар за блокадата на преминот „Евзони“ денеска разговарал и со градоначалникот Иван Франгов, кој неодамна и писмено помагал помош од ЕУ за деблокирање на границата. Франгов во писмото посочил дека блокадата нанесува огромни штети на Македонија, особено на Гевгелија.
– Имам сознание дека двете влади се обидуваат да најдат начини како да го олеснат овој проблем со пренасочување на сообраќајот преку Дојран и Битола. Исто така добив информација дека добра кои се со ограничен рок на траење ќе бидат дозволено да се пренесат преку овој граничен премин. ЕУ и Брисел внимателно го следат овој проблем и очекувам дека во најскоро време ќе следи реакција и обид за трајно решавање на овој проблем, рече Жбогар одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Гевгелија.
Во однос на политичката ситуација во земјата, Жбогар кратко одговорил дека е оптимист, дека ќе се реши политичката криза во земјата и оти наскоро ќе се соберат потребните 61 потпис за формирање на влада во Македонија.