fbpx

Брисел ги сопре финансиите за Коридорот 8

-

Европската комисија одлучи да не го финансира Коридорот 8 поради проблемите и недостатоците во транспортниот сектор на Македонија, соопшти Маја Коцијанчич.

– Проектот за транспортно поврзување, кое земјата го поднесе, Коридорот 8, ќе биде разгледан откако истакнатите проблеми во секторот, како што е секторот за стратегија и за координација, ќе бидат решени и ќе бидат исполнети условите. Има многу недостатоци во транспортниот сектор, кои го спречуваат соодветното планирање и координирање во тој сектор. Земјата мора да се фокусира на мерките кои ќе обезбедат стабилност на поголемите инфраструктурни инвестиции – рече Коцијанчич.

Таа истакна дека политичката криза во земјата веројатно имала последици во однос на посветеноста на владата кон приоритетните реформи.

– Влошувањето на политичкиот контекст е една од причините зошто владата и администрацијата, за жал, не беа во можност или немаа волја да испорачаат во поглед на реформската посветеност или да демонстрираат неопходна подготвеност да ги планираат неопходните реформи или да ги имплементираат фондовите на ЕУ во овие области – посочи Коцијанчич.

Портпаролката на ЕК истакна дека повеќе од 27 милиони евра ќе бидат скратени од програмата за 2016 година, наменета за Македонија.

– Во последните години, особено во последната година, Комисијата постојано на властите им ја изразуваше својата загриженост за недостигот од подготвеност и за недостиг на зрело планирање во клучните сектори, како и за недостигот на политичка посветеност да се испорачаат неопходните секторски реформи, како генерално гледано, посветеноста кон сите реформските приоритети. Како резултат на тоа, Комисијата сега мора да ја намали финансиската помош од ЕУ, која беше предвидена за 2016 година, како и да одлучи да не продолжи со другите проекти – рече Маја Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...