fbpx

ВМРО-ДПМНЕ му соопшти на Хајндл: Изборите се единствено решение за кризата

-

Делегација од ВМРО-ДПМНЕ денеска со германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл, разговараше за актуелната политичка состојба, позициите и за ставовите на партијата поврзани со постигнување на решенија од областите опфатени со политичкиот договорот постигнат минатата година, како и европските интеграции како дел од стратешките приоритети на државата, соопштија од владејачката партија.

„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека партијата е посветена на постигнување позитивни решенија базирани врз европските искуства, кои ќе бидат рационални и ќе го запазат општествениот интерес. Беше постигната согласност дека е потребен конструктивен пристап и отвореност на сите политички чинители. Истовремено, беше истакнато дека изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надминување на политичката криза, но базирајќи се на претходните искуства и однесување на СДСМ, тоа треба да биде без неосновано лицитирање на нови термини, кои подоцна ќе бидат одлагани – стои во соопштението.

На средбата, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на избирачкиот список, посочиле дека СДСМ ќе мора да даде потврда и да се обврзе дека тој е прочистен, а во периодот кој следува посветено ќе се работи на подигнување на довербата во избирачкиот список. Од владејачката партија, исто така, истакнале дека за нив, избирачкиот список не е спорен сегмент.

Во однос на сферата медиуми, од ВМРО-ДПМНЕ истакнале дека се залагаат да не се казнува ниту новинар, ниту медиум за искажан став, како и за релаксирање на казнената политика и одредбите за медиумите. Според партијата, тоа ќе придонесе за зајакнување на медиумската независност и за унапредување на состојбите во медиумите.

„Беше истакнато дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ врвен интерес е напредок во интеграциските процеси, како и спроведување на интензивната реформска агенда која подразбира дополнително унапредување на состојбите и на критериумите. Во тој правец Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ утврди предлог-закон за народен правобранител, базиран на европските принципи и препораки, закон за информативни и за рекламни кампањи на јавните институции, закон за престанување на важењето на законот за Совет за утврдување на факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, а беа доставени до четирите партии двата медиумски закони, законот за медиуми и законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а во владина процедура е и изменување и дополнување на законот за судски совет заради усогласување со претходниот закон. Сите овие закони се дел од рефоромските приоритети со што се потврдува посветеноста во исполнување на критериумите утврдени со пристапниот процес во ЕУ“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...