fbpx

Бразилски бизнисмени осудени на 16 години затвор поради корупциски скандал

-

Двајца поранешни извршни директори на бразилскиот градежен гигант ОАС се осудени на 16 години затвор секој поради корупција, јавуваат светските медиуми.

Според судот во Бразил, поранешниот претседател на ОАС, Хозе Алдемарио Пињеиро, и Агенор Медеирос биле вмешани во големиот корупциски скандал со државната нафтена компанија „Петробрас“. Покрај нив, во случајот, на помали затворски казни се осудени уште тројца, исто така, поранешни вработени во ОАС.

Како што јавуваат медиумите, Пињеиро и Медеирос се прогласени за виновни поради подмитување владини функционери, перење пари и заговор за извршување кривични дела.

Адвокатот на ОАС за бразилските медиуми изјавил дека компанијата ќе поднесе жалба на пресудата во име на своите поранешни вработени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.