fbpx

Босанскиот сервис „Раскринкавање“ побива лажни твитови на Трамп за нобеловецот Хандке

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Босанскиот сервис за борба против дезинформациите и за проверка на фактите „Раскринкавање“ поби лажна вест објавена на неколку босански и хрватски онлајн медиуми, дека наводно претседателот на САД преку Твитер на годинашниот добитник на Нобеловата награда за литература, Петер Хандке, му порачал дека е „расистичко копиле“.

Веста, со мали варијации, од медиум до медиум била дека на Хандке, писател кој беше остро критикуван поради поддршката за режимот на Слободан Милошевиќ, како главен чинител на војните во поранешна СФРЈ, како и за негирање на геноцид на Муслиманите во БиХ, Трамп му порачал преку „официјалниот Твитер профил“ дека е „расистичко копиле“. Дури се цитира и наводниот твит, кој е придружен со фотографија од ковчези со тела на брутално убиени Бошњаци: „Ова го доживеа светот по геноцидот во Сребреница. Нобеловиот комитет направи голема грешка доделувајќи награда на писател што отворено го поддржуваше геноцидот во текот на војната во Босна (1992-95). Хандке е расистичко копиле и Нобеловиот комитет ОПРАВДАНО е соочен со многу интензивен критицизам. ОВА НЕ Е ДОБРО“, гласи наводниот твит.

Но материјалот не е ставен на официјалниот профил на претседателот на САД @realDonaldTrump, на кој има и „штикла“, што значи дека идентитетот е потврден од Твитер, туку станува збор за профилот @realDonaldtrodi. Дополнително, пишува „Раскринкавање“ на вториот профил е јасно назначено дека станува збор за пародија, а не за вистинскиот профил на Трамп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...