fbpx

Борисов: Македонците треба уште да созреат за датум за преговори со ЕУ

-

Бугарскиот премиер Бојко Борисов синоќа во Брисел во изјави за новинарите порачал дека Македонците треба уште да созреат за да добијат датум за почеток на преговори за приклучување на ЕУ, јави бугарската новинска агенција „БГНЕС“.

-Тие треба уште многу работи да поправат. Не ме разбирајте погрешно, но сè додека се спори дали е Гоце Делчев Бугарин или Македонец – таа ситна тема за едни херои што всушност биле за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, и најубавите наши песни се сврзани со нив. И постојано опозицијата ме прашува што прави Комисијата. Нека созреат – порача Борисов пред почетокот на седницата на Европскиот совет во Брисел.

Тој потоа го дообјаснува својот став за „непријателството“ од земјава и неговите очекувања за компромиси.

– Не можам тоа да го дозволам – Бугарија направи се и тие се вивнаа во небото. Сега тие ќе треба да прават компромис во Комисијата и во антибугарската реторика – рече Борисов, мислејќи на заедничката македонско-бугарска Комисија за историските прашања и учебниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...