Времето денеска ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Дневната температура ќе изнесува меѓу 24 и 35 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.
И утре ќе преовладува сончево и топло време со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. В недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени.