fbpx

Битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ го остави Талески сам

-

„Сам против сите“, ова беше еден од најчестите коментари на синоќешниот протест во Битола од страна на битолчани, кои втор ден бараат оставка од аболираниот за криминал градоначалник Владимир Талески.

Граѓаните се чудат што во Битола нема контрапротести во одбрана на Талески ниту, пак, за претседателот Иванов. Талески два дена по ред сам излегува на прес-конференции во неговиот кабинет да се брани и да докажува дека не е криминалец.

– За разлика од Скопје, овде нема ниту контрапротести ниту поддршка за Талески – рече еден повозрасен битолчанец, на синоќешниот протест.

Досега, многу често општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со соопштенија или прес-конференции ќе застанеше во одбрана на Талески на нападите на опозицијата, но сега локалниот разгранок на партијата нема реакција.

Локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски, вели дека нивниот став не се разликува од тој што партијата го изнесе на централно ниво.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, јасно го кажа ставот на партијата за работата на Специјалното јавно обвинителство и постапката за аболиција од претседателот Ивaнов. Ние како локален комитет нема што да додадеме – рече Димитровски за „Мета“.

По одлуката на Иванов да го аболира и градоначалникот Талески, Битола е на нозе два дена по ред. По неколку стотини граѓани маршираат низ Широк сокак сè до зградата на локалната власт, барајќи оставка од Талески.

Вчера и битолската опозиција побара градоначалникот да си замине од функцијата како единствен спомнат во „бомбите“ на Заев кој сè уште е на функција.

– Го повикуваме градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Талески, веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. За доброто на битолчани, за доборото на Битола. И покрај овие тешки обвинувања, замислете, Владимир Талески, без нималку срам, смета дека обвиненијата против него се неаргумeнтирани. Доколку обвиненијата против него се неаргументирани, го повикуваме јавно да го одбие помилувањето на Иванов – повика Наташа Петровска, советничка на СДСМ.

Советничката на ВМРО-НП, Габриела Илиевска, денеска јавно побара формирање на привремена комисија за испитување на неправилностите во работењето на Општина Битола и на градоначалникот Талески за период од три мандати од кога е на чело на локалната власт.

Илиевска вели дека ќе се испитува работењето на Талески таму каде што има сомнежи за неправилности. Тоа право вели дека го има според член 32 од статутот на Oпштина Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...