fbpx

Битиќи го најави АДА – дигиталниот асистент во јавниот сектор базиран на вештачка интелигенција

-

Првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, наречен АДА, преку кој компаниите ќе можат да добиваат целосни информации за условите за инвестирање и државната помош што ја нуди земјава, наскоро ќе биде пуштен во употреба. Со овој дигитален асистент државата, меѓу другото, има за цел и намалување на корупцијата, рече заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи на конференцијата „Година на нови можности“ што се одржа во Скопје.

АДА, како што рече Битиќи, ќе ги нуди сите информации за финансиска поддршка по Планот за економски раст, но понатаму овој асистент базиран на вештачка интелигенција ќе ги учи и другите услуги кои се важни за стопанството и граѓаните.

„Во 2021 година почнав да зборувам со различни донатори како и со моите колеги, како да го подобриме системот и механизмот за давање и контрола, поточно како да ја подобриме ефикасноста на државната помош како механизам кој го користиме. Како продукт од тоа, се роди АДА. Дополнително, заедно со Светска Банка ќе започнеме конечно да дигитализираме 11 деловни процеси во 11 различни институции коишто го користат механизмот на државна помош. Ова ќе помогне во зголемување на ефективноста и ефикасноста“, рече Битиќи.

Според вицепремиерот за економски прашања, дигитализацијата е одговор на сите недостатоци што се појавуваат во различни извештаи во однос на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

„Единствен начин тоа да го адресираш е преку целосно тргање настрана на човечкиот фактор и секако да го направиш транспарентен целокупниот процес на поддршка на компаниите и инвестициите. Одлучивме дека ќе ја направиме АДА, дигиталниот асистент кој ќе биде првиот асистент кој некогаш е поставен во јавниот сектор. Инаку, АДА е промената на дело којашто сите ние треба да ја направиме оваа и наредните години ако сакаме навистина да стигнеме до растот и развојот што сакаме да го постигнеме“, изјави Битиќи.

АДА зборува на три јазици – македонски, албански и англиски и е насловена по Ада Лавлејс, за која се верува дека е првата информатичарка жена што го креирала првиот алгоритам за машините.

Дигиталниот асистент се очекува да биде детално промовиран месецов, а се работи преку проект на Фондот за иновации и технолошки развој кој беше спроведен како предизвик за домашната старт-ап заедница на кој победи фирмата „CodeWell“.

Воедно, АДА ќе биде првиот дигитален асистент во јавниот сектор во регионот што работи на вештачка интелигенција и одговара на прашања за можностите за инвестиции во земјава, информираше Битиќи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека...