fbpx

Бејли: Договорот од Пржино не е закочен

-

Договорот од Пржино не е закочен, а политичките лидери наредната недела треба донесат одлука за датум на избори, одговори на новинарско прашање денеска во Охрид амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.

– Не, јас не мислам дека е закочен Договорот од Пржино. Ние на 20 јули имавме разговори како да се придвижат работите нанапред. Политичките лидери се договорија следната недела да донесат одлука за датумот на избори, така што мислам дека процесот не е застанат – изјави Бејли.

Амбасадорот Бејли во Охрид учествува на Безбедносниот форум што се одржува во организација на Маршаловиот центар, на кој експерти од земјава и од опкружувањето дебатираат околу одлуките на самитот на НАТО во Варшава и безбедносните предизвици на регионот.

– Алијансата не е само одбранбена структура, туку заедница на држави кои промовираат вредности на демократија, владеење на правото, слобода. Тоа е клучен дел на Алијансата вметнат во првиот параграф на самата организација. Оттаму и во дел од заклучоците за Македонија од Самитот во Варшава се нагласува важноста од продолжување на реформите во таа насока, особено преку имплементација на Договорот од Пржино – рече Бејли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...