fbpx

Чавков: Владата бара правни механизми за да даде поддршка на барањата од Турција

-

Владата бара начин како да ги исполни барањата на Турција за затворање на фирми и на училишта поради нивната наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за обидот за пуч минатиот месец.

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека се бараат правни механизми за да се даде поддршка на легитимно избраните институции во Турција.

– Ние даваме силна поддршка на легитимно избраните институции во Република Турција, а прашањето што вие го упатувате, претпоставува соодветна операционализација и веројатно ќе се бараат правни и законски механизми во Република Македонија за реализирање на определени цели. Тоа значи дека се бараат правни механизми како да дадеме поддршка на владината политика на Турција – изјави Чавков.

На списокот што го објави агенцијата „Анадолија“ се наоѓаат училиштата „Јахја Кемал“, весникот „Заман“, како и неколку организации и фондации за кои турските власти тврдат дека се поврзани со Фетулах Ѓулен.

– „Јахја Кемал“ е македонски бренд, се занимава само со наука, а не со политика. Ги отфрламе сите шпекулации дека сме поврзани со некаква организација – изјави директорот за односи со јавноста на „Јахја Кемал“, Суреа Таук.

Тој посочува дека „Јахја Кемал“ има пет сопственици од Турција кои се занимаваат само со образование, еден од Германија и еден од Македонија.

– За жал, во незгодно време се појавија шпекулациите, ние на нашата фејсбук-страница и на веб-порталот им гарантиравме на учениците и на родителите дека сме подготвени успешно да ја почнеме учебната година. Учениците и родители вчера беа видно вознемирени, но ние им кажавме дека нема простор за страв и за паника. Имавме инспекциски надзор во седум области од образованието и го поминавме со највисока можна оценка – 4.00. Тоа е доволен доказ за нашата професионалност и посветеност во образовниот процес – вели Таук.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...