fbpx

Јавниот сектор е во повластена положба во плаќањето на долговите, поради одложените рокови

-

Приватниот сектор бара да биде вклучен во процесот на измените на Законот за финансиска дисциплина со сите досегашни нотирани недостатоци.

„Неопходно е да се обезбеди правна заштита, како и владеење на правото. Врз тие принципи може значително да се подобри бизнис-климата во земјата. Законот за финансиска дисциплина, во кој би биле вклучени и барањата на приватниот сектор за олеснување на наплатата на долговите и правилна имплементација од страна на државните органи согласно европските пракси, би добил многу поголема ефикасност,“ истакна Павлина Димовска, правен советник на проектот Партнерство за подобра бизнис-регулатива на УСАИД, на одржувањето на инфо-сесија на тема „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори”.

Во процедура е дополнително усогласување на постоечкиот Закон за финансиска дисциплина со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции на Европската унија. Досега се предложени повеќе измени во законот, меѓу кои намалување на надоместокот за задоцнување за навремено плаќање од 3.000 на 2.400 денари, надзорот на законот кој го врши УЈП врз приватниот сектор да се префрли на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија и прецизирање на условите од договорот дека не се значително неправедни и нефер кон доверителот.

Сашо Раденковиќ експерт во областа рече дека од самото донесување на Законот евидентирана е нерамноправна положба на субјектите на пазарот на труд.

„Со стапувањето на сила, Законот важеше од самиот почеток за приватниот сектор, додека јавниот сектор беше и се уште е во повластена состојба, поради одложените рокови. Дополнително Законот треба да дава сигурност кај компаниите дека наплатата ќе биде обезбедена со тенденција да се подобрат роковите за наплата и да не се доцни. Финансиската дисциплина е многу битна и компаниите треба  да ги почитуваaт договорените рокови и обврските да ги плаќаме навреме“, изјави Раденковиќ и додаде дека само на тој начин нема да се  нарушува тековна ликвидност на компаниите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...