Утре информативна сесија за мали грантови на „КриТинк“ за скопскиот плански регион

-

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“– Центар за европски стратегии, ги покануваат локалните граѓански организации и медиуми од Скопскиот плански регион на информативна сесија во врска со Програмата за мали грантови во рамките на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, поддржан од Европската Унија.

Информативната сесија ќе се одржи утре во 11:00 часот, во просториите на Граѓански ресурсен центар, бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 50, #Скопје (во близина на ЕУ Инфоцентар, наспроти главниот влез во НЛБ Тутунска банка).

Конкурсот за мали грантови е вториот од двата циклуса на Програмата за мали грантови и е објавен на 31-ви мај, а ќе биде отворен до 15-ти јули 2019 година. Во рамките на вториот циклус е предвидено да се доделат 10 грантови со кои ќе се поддржат проекти од 8-те плански региони во Македонија. Ќе бидат доделени поединечни грантови во износ помеѓу 6.000 и 7.000 евра.

Детални информации за проектот и Програмата за мали грантови се достапни на веб-локациите на партнерите и на веб-локацијата на проектот http://crithink.mk/.

Основна цел на проектот е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко мислење, плурализам на мислења и демократски вредности.

Специфичните цели на проектот се:
– Да се поттикнува култура на критичко размислување преку едукација на општата јавност за штетните ефекти на медиумските манипулации врз демократијата и европските вредности.
– Да се зголемат капацитетите на граѓанските организации и медиумите да се справуваат со медиумски манипулации (вкл. и говор на омраза) преку подобрување на медиумската писменост во содејство со државните институции.
– Да се зголеми побарувачката од граѓаните за поголема отчетност и одговорност на медиумите преку јавно неформално образование, промоција на професионалните стандарди и меѓународните практики за заштита на слободите на мислење и изразување.

Сите детали за повикот се достапни на следниот линк:
http://crithink.mk/baranje-za-aplikacii-kritink-2/

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...