Авганистанската криза низ трансатлантската призма

-

Малинка Ристевска Јорданова

Повлекувањето на НАТО од Авганистан не беше изненадување.  Во февруари 2020 година САД потпишаа договор со Талибанците за повлекување на меѓународните сили до мај 2021 година. Сепак, ЕУ како да се најде затечена, барајќи продолжување на рокот, но САД останаа на претходниот рок – 31 август. Се чини дека ваквиот исход е само логична последица на второстепената улога што ЕУ ја имаше во Авганистан.

Со повлекувањето завршува дваесетгодишната интервенција на НАТО започната во 2001 година, чија примарна цел беше да се онезвозможи Авганистан како база за меѓународен тероризам. Во јануари 2015 година заврши мисијата ИСАФ, под мандат на ООН, која требаше да резултира со воспоставување ефективна авганистанска власт и преземање на одговорноста за безбедноста на земјата од страна на авганистанските безбедносни сили на. Очигледно, во тоа не се успеа.

Авганистанскиот дебакл, како што веќе отворено се нарекува оваа интервенција, укажува на пукнатини во трансатлантската врска. Повеќето експерти сметаат дека начинот на кој заврши интервенцијата ќе има долгорочното влијание на легитимитетот на трансатлантското сојузништво. Меѓутоа, има и такви кои сметаат дека оваа криза ќе води кон свртување кон „суштествените стратешки прашања“.

Предмет на остри критики одамна пред повлекувањето на НАТО од Авганистан беа методите на поддршка од страна на меѓународните партнери. Анализите на интервенциите на САД и ЕУ укажуваат на разлики во пристапот. Додека САД се концентрираше на преговори меѓу САД и Талбанците, пристапот на ЕУ беше „инклузивен внатрешен дијалог“ на авганистанските субјекти.

Додека САД ја концентрираше поддршката на јакнење на безбедносните сили, ЕУ се фокусираше на јакнење цивилни полициски сили. Надворешните евалуации за Европската комисија како главни фактори на неуспехот на ЕУПОЛ мисијата во Авганистан ги посочуваат небезбедната околина, како и паралелизмот и преклопувањето на САД и државите членки на ЕУ во поддршката на безбедносните и полициските сили. Покрај тоа, специфичните приоритети и пристапи на поединечните држави во улога на НАТО членки, на членки на ЕУ и билатерални донатори не придонесоа за воедначен пристап.

САД се критикуваат дека недоволно ги зеле предвид можните последици од повлекувањето од Авганистан за европските сојузници. Овде пред сѐ се мисли на можна нова масовна миграциска криза, иако засега нема сигнали за таков развој на настаните. Според исходот на Советот за правда и внатрешни внатрешни работи на ЕУ од 31 август ЕУ настојува да го оневоможи притисокот на своите надворешни граници. Оттаму, приоритет е спречување  хумантирана криза како вовед во миграциска криза. Во услови кога развојната помош е замрзната, а нема призната влада во Авганистан, ЕУ настојува да ја пренасочи помошта преку ООН, чии агенции остануваат присутни во Авганистан. Отворена е и за помош на државите од соседството на Авганистан. Другите приоритети мерки се главно свртени кон зајакнување на безбедноста на нејзините граници; спречување на бебедносни закани/меѓународниот тероризам и на илегалната миграција. Сепак, прашањето на распоредување/ преселување на Авганистанците „во потреба“ е оставено за специјалниот форум најавен за септември. Ризикот од актуелизација на миграциската проблематика во ЕУ е особено нагласен во контекст на претстојните избори во Франција и Германија.

Другиот непосреден предизвик за ЕУ е како натаму ќе ја формулира и спроведува својата политика кон Авганистан. Со Декларацијата на високиот претставник за надворешни работи на ЕУ за состојбата во Авганистан од 17 август 2021 година, на која се придружија државите од процесот на стабилизација и асоцијација, се инсистира на почитување на човековите права и безбедно повлекување на граѓаните на ЕУ и локалниот персонал, кој сега е при крај.  Унијата остана во континуитет на претходното инсистирање на „сеопфатно и инклузивно решение“ и почитување на темелните права, особено на жените, како услов за дијалог со која и да е авганистанска влада. Секако, клучен услов е дистанцирањето на талибанската власт од меѓународни терористички групи и организираниот криминал. Иако ЕУ е далеку од признавање на талибанската власт поради неизвесноста и недовербата, се чини дека ги остава вратите отворени за дијалог.

Во услови кога САД ја напушта улогата на „глобален полицаец“, се актуелизира и темата за „стратешка автономија“ на ЕУ преку нови концепти за трансатлантското партнерство. Искуството од Авганистан ја наметнува потребата од преиспитување на концептите на спречување кризи, стабилизација и градење мир. Ова ги вклучува и доктрините на  „градење нација“ и „градење држава“, што секако би требало да има влијание и на идните меѓународни интервенции.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...