fbpx

Албанија ги укинува царините за стоки од Северна Македонија, Србија и Косово

-

Албанската Влада денеска одлучи да ги укине царинските такси за стоки со потекло од Северна Македонија, Србија и од Косово, кои минуваат преку албанските гранични премини, пренесе Јуроњуз Албанија.

Како што се наведува во извештајот, оваа одлука е донесена врз основа на решеноста на земјата да учествува во иницијативата Отворен Балкан и одлучната помош што земјите-членки мора да си ја пружат меѓусебно во кризата на високите цени.

Се додава дека Албанија во оваа одлука го вклучила Косово, иако не е дел од Отворениот Балкан, врз основа на договорот за меѓусебно отстранување на царинските бариери.

Нема да се наплаќаат такси за паркирање возила, печатирање и мерење на стока, па трошокот за камион што ќе влезе со стока во Албанија ќе биде за околу 14 евра помалку од досега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...