Младиот тенисер Калин Ивановски (18) покажал одлична игра и бил подобар од својот противник од Литванија Eдас Бутливас, а тоа го потврдил со убедливиот триумф во третиот сет кој го добил со максимални 6:0. Со ова, тој обезбедил пласман во четвртфиналето на Вимблдон. Ивановски, во конкуренција на јуниорите, имал 38 винери наспроти 25 на Бутливас.
Во четвртфиналето, Ивановски го чека дуел со подобриот од мечот помеѓу Словенецот Артнак и Роденас од Шпанија.
Медиумите пишуваат за храброста и луцидноста на младиот македонски тенисер, кој успеа да го привлече вниманието и да се најави себеси во светот на возрасните, па затоа, ќе биде интересно да се види како ќе ѝ се претстави на публиката на големите тениски терени во наредните години.
Во стилот на познатиот тенисер Ник Кирјос, Калин направи вистинска атракција при сервирањето на меч топката.
Have you ever seen a match point like this? 😯
Kalin Ivanovski with an audacious tweener serve to seal the win in the boys’ singles draw#Wimbledon pic.twitter.com/oOiTgAwXdE
— Wimbledon (@Wimbledon) July 5, 2022