fbpx

Активистот Суад Мисини го прекина штрајкот со глад

-

По седум дена штрајк со глад, активистот за човекови права, Суад Мисини, го заврши штрајкот поради делумно исполнување на неговите барања да се реши проблемот со мигрантите.

– Денеска можеме да констатираме дека јавноста во Република Македонија, но и меѓународната јавност и странските медиуми и организации, се целосно свесни и информирани за проблемот со прифатниот центар во Гази Баба, кој денес е меѓународна тема. Доколку властите решиле дека овој катастрофален проблем не е предмет на ургентна реакција, тогаш тоа дефинитивно ја става нашата земја во редот на тие што отворено и без скруполи спроведуваат тортура, а властите се легитимираат како институции водени од луѓе кои немаат никаква почит за човечкиот живот, за животот на стотици луѓе кои се заточени во овој центар, конечно, за мојот живот.
Затоа на овој ден го прекинувам штрајкот со глад. Затоа што лимитите на здравствените ризици се веќе надминати и затоа што потенцијалите на овој штрајк се исполнети. Моите барања, кои се барања на огромен дел на јавноста во Македонија, се делумно исполнети. Мојот граѓански акт беше капка која создаде бранови кои, искрено се надевам, заедно со сите претходни, ќе доведат до решавање на овој проблем, кој од нашата држава прави нецивилизиран простор – вели Суад Мисини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...