fbpx

СДСМ: Груевски призна одговорност за состојбите

-

„Извештајот на експертската група на Европската комисија, подготвен од Рајнард Прибе, буквално укажува на сите злоупотреби на власта предводена од Никола Груевски. По овој извештај, стана невозможно, од секоја гледна точка, избегнувањето одговорност на Никола Груевски и на неговите соработници“, велат од СДСМ.

Од СДСМ сметаат дека европските експерти прецизно ги скицирале сите состојби во Македонија и причините што довеле до длабоката политичка криза, а во извештајот тие имаат конкретно име, „системски недостатоци“.

„Се констатира работење на УБК во функција на власта, прислушување направено во просториите на националната разузнавачка служа, фамилијарната поврзаност помеѓу високи функционери во УБК и во Јавното обвинителство, само „теоретски“ воспоставен систем на парламентарен комисиски надзор, далеку полоша состојба во медиумите во однос на претходните години, корупција во размери што заслужува да биде предмет на посебен извештај. Европските експерти се повикуваат на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во делот на изборите и порачуваат пред да се одржат наредни избори, да се обезбеди уверување дека такви нерегуларности нема да се случат повторно“, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека извештајот го содржи сето она со кое опозицијата и демократската јавност го аргументираат барањето за преодна влада без Груевски и без неговите помагачи.

„Четворицата лидери, меѓу кои и Никола Груевски, на вчерашната лидерска средба се согласија да се поддржат сите специфични препораки на Европската комисија, како што е овој критички извештај на Прибе, со што Груевски призна одговорност за состојбите“, велат од СДСМ.

Постигнувањето договор по мирен пат, низ дијалог, ќе им олесни и на граѓаните и на Република Македонија, додаваат од партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...