fbpx

На Косово пукано во автомобил со чешки полицајци

-

Чешката полиција денеска соопшти дека во текот на викендот непознати луѓе на северот на Косово пукале на автомобили во кои имало чешки и германски полицајци и дека сè завршило без ниеден повреден и само со скршени ветробрани.

Непознатите напаѓачи во неделата попладне отвориле оган на два автомобили на ЕУЛЕКС во кои имало четворица чешки и еден германски полицаец и еден прведувач.

– Двата автомобили биле погодени во ветробранското стакло. Калибарот сè уште го проценуваме. Со оглед на оштетувањето, можеме да претпоставиме дека се работи за оружје со мал калибар, приближно девет милиметри – соопшти портпаролката на чешката полиција, Јана Мацаликова.

Истрагата за нападот ја води ЕУЛЕКС во соработка со локалната полиција, а Мацаликова рекла дека мотивот за нападот засега не е познат, но дека е можно да се работи за обид за убиство.

Чешките полицајци на кои било стрелано се од единицата задолжена за обезбедување сведоци за време на транспорт, за конвои и за странски функционери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поплави во Бразил без преседан – 78 загинати и 115.000 раселени

Поплави траат веќе една недела во Рио Гранде ду Сул, најјужната држава во Федеративната Република Бразил, пренесува Ал Џазира. Забележани се најмалку 78 загинати, 105 лица се водат како...