fbpx

Иран ги обвинува САД дека немаат волја да ја запрат ИД

-

Шефот на елтината единица на Иранската револуционерна гарда, Кашем Солејмани, ги обвини САД дека немаат волја да ги запрат силите на Исламска држава, по падот на ирачкиот град Рамади.

Коментарот на Солејмани, кој го објавија иранските весници, доаѓа откако секретарот за одбрана на САД, Еш Картер, вчера ги обвини ирачките сили дека немаат волја да се борат.

Не е сосема јасно дали изјавата на Солејмани е директен одговор на Картер, бидејќи меѓу овие две земји постојат големи тензии околу иранската нуклеарна програма.

Како што известува дневниот весник „Џаван“, кој е близок до гардата, Солејмани рекол дека САД не направиле ништо да го запрат напредувањето на екстремистите во Рамади.
– Денес никој не се спротиставува на ИД освен Исламска република Иран и државите што ја поддржуваат – рекол Солејмани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...