fbpx

Заев насамо со Бејли и со Орав

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, остана сам со амбасадорите на САД, Џес Бејли, и на ЕУ, Аиво Орав, откако другите лидери ја напуштија салата за состаноци.

Мендух Тачи и Али Ахмети се на заедничка маса со министерот за надворешни работи Никола Попоски, подоцна им се приклучи и премиерот Груевски.

Нема информации зошто Заев остана сам со амбасадорите на двете земји што ја иницираа оваа средба.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека засега нема напредок во преговорите и сите остануваат на своите почетни позиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...