fbpx

Нема договор – лидерската средба продолжува в понеделник

-

Лидерската средба заврши без конечен договор.

Сите партии останаа на своите ставови.

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Никола Груевски, Али Ахмети и Манедух Тачи, в понеделник повторно ќе се сретнат, а дотогаш ќе се работи рамката за договорот.

Амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, ја напуштија средбата без да дадат изјава.

– Денеска покажавме дека сме за демократија. Се договоривме за рамка, за продолжување на разговорите. Не отстапивме од нашите барања затоа што се оправдани – рече Заев и уште еднаш повика на мирни протести.

Груевски рече дека разговарале за повеќе теми и имало повеќе предлози. Тој потврди дека в понеделник ќе има уште една лидерска средба.

– Ние сме подготвени за разговор. Разговаравме на повеќе теми и е многу тешко во овој момент да се каже дали разговорите биле успешни – изјави Груевски.

На новинарско прашање дали ќе поднесе оставка, тој рече дека народот одлучува на избори кој ќе биде премиер.

Портпаролите на ДУИ и на ДПА, Артан Груби и Луан Треси, го поздравија почетокот на политичкиот дијалог.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...