fbpx

Демонстрантите од Обвинителството се префрлија пред Собранието

-

Над илјада демонстранти се собраа пред Собранието на Република Македонија, откако не успеаја да дојдат до Јавното обвинителство. Демонстрациите се одвиваат мирно, само со скандирање и засега не се регистрирани провокатори во групата. Забележливо е зголемено полициско обезбедување.

Демонстрантите протестираат мирно и скандираат „Доле влада“, „Слобода“ и слично.

Протестот започна пред Владата на Владата на Република Македонија, но поради полициските блокади на улиците, демонстрантите не можеа да пристапат до неа.

Демонстрантите ги повикаа полицајците да ги симнат панцирите и оружјето и да им се приклучат во борбата за слобода на државата. Откако не успеаја да стигнат до Владата, масата се упати кон Јавното обвинителство каде, според најавите, требаше да се поднесе пријава против полицијата за нарушување на правото на слободно движење.

Полициското обезбедување го блокираше приодот до Јавното обвинителство, Демонстрантите, кои беа запрени кај Археолошкиот музеј на Македонија, мирно се упатија кон Собранието.

Слични протести денеска се одржаа и во Прилеп и во Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Последните часови од животот на Платон опишани во дешифриран свиток, бил облеан со вулкасни пепел од Везув

Нова технологија овозможи да се дешифрираат пасуси од свиток кој бил облеан со прашина од познатата ерупција на Везув во 79 година н.е. Во новооткриените пасуси може да се...