fbpx

Мирно заврши и денешниот протест против полициската бруталност во Скопје

-

Мирно и без насилство завршија денешните протести против полициската бруталност во Скопје. Демонстраните полека почнаа да се повлекуваат од пред Собранието на Република Македонија, каде завршија по денешната рута од Владата, преку Јавното обвинителство.

На протестот пред Собранието и вечерва се појавија петмина провокатори, но демонстрантите ги исвиркаа по што тие се повлекоа.

Протестот почна пред Владата на Република Македонија, но поради полициските блокади на улиците, демонстрантите не можеа да пристапат до неа.

Демонстрантите ги повикаа полицајците да ги симнат панцирите и оружјето и да им се приклучат во борбата за слобода на државата. Откако не успеаја да стигнат до Владата, се упатија кон Јавното обвинителство каде, според најавите, требаше да се поднесе пријава против полицијата за нарушување на правото на слободно движење.

Полициското обезбедување го блокираше приодот до Обвинителството, а граѓаните кои беа запрени кај Археолошкиот музеј на Македонија, мирно се упатија кон Собранието.

Слични протести денеска се одржаа и во Прилеп и во Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...