fbpx

Мирно заврши протестот во Струмица

-

Заврши мирниот протест во Струмица пред полициската станица, која беше силно обезбедувана.

„Драги полицајци од кого не’ браните?“, „Нема правда, нема мир“, „Доста беше молк!“, извикуваа насобраните. Една девојка пристапи кон кордонот полицајци и им подари цвеќе.

Граѓаните изјавија дека излегле на протестот по сликите на полициска бруталност, кои ги виделе од завчерашниот протест во Скопје.

– Не смееме да дозволиме полициска бруталност, која беше искажана пред се’ на млади девојчиња и момчиња. Тие се овде за да не штитат нас, граѓаните, рече една струмичанка.

– Доста им е. За девет години во една Америка двапати се бира претседател, изјави еден од насобраните демонстранти.

Струмичани се организираа по повик од граѓанските организации и социјалните мрежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...