fbpx

Велешанец за една недела направил 15 кражби

-

Против Н.Д. (24) од Велес поднесена е кривична пријава поради сомневање дека сторил шест тешки кражби и една кражба,, како и осум кражби за кои е гонет по приватна тужба, информираат од МВР.

„Во периодот 15 јануари 2015 година до 23 јануари 2015 година, пријавениот со кршење на дрвените влезни врати влегол во црквите „Св. Богородица“ и „Св. Пантелејмон“ во Велес, ги скршил дрвените каси и притоа од двете цркви одзел вкупно 8.000 денари. Исто така, пријавениот извршил четири тешки кражби во три куќи и во една продавница лоцирани во Велес. Кражбта ја сторил на тој начин што од базен „Снупи“ во Велес одзел компресор за вода и дел од инвентарот. Одземените предмети од наведените кривични дела му ги продавал на лице од Велес, кое потоа ги продавало во Скопје и во отпадите како старо железо. Со наведеното, пријавениот нанел материјална штета во износ од 102.000 денари“, се вели во соопштението од МВР.

Пријавениот во истиот период сторил и осум кражби за кои е гонет по приватна тужба, при што на оштетените им нанел материјална штета од 39.500 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...