fbpx

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел целеле да нападнат членови на Хезболах, а соопшти оти убиле командир од либанската паравоена организација во друг напад во Либан

-

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах.

Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени, но, според британската хуманитарна организација „Набљудување на сириски човекови права“, има најмалку 40 жртви.

Хезболах вели дека најмалку 36 сириски војници и шест членови на Хезболах се убиени. Групата тврди дека ова е најсмртоносен напад на Израел врз Сирија.

Израел, кој често ја бомбардира Сирија, но ретко го признава јавно, не гo коментираше денешното бомбардирање.

Но, израелските сили соопштија дека го убиле Али Абед Наксан Наим, командир во Хезболах, во напад во Либан. Либан и Израел се имаат бомбардирано едни со други од почетокот на конфликтот во Газа во октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 9 часот најмал во општините во Изборната едница 6

Одѕивот на гласачите на парламентарните избори до 9 часот бил 4, 45 отсто, додека на претседателските избори 4,17 отсто. Според податоците на Државната изборна комисија, најмалата излезност за парламентарните...