fbpx

Русија им забрани на нејзините војници да комуницираат со локалците во окупираните територии

Во руските артилериски напади на 18 градови и села во регионот Херсон има една цивилна жртва и петмина повредени цивили

-

Руските команданти им забраниле на војниците да комуницираат со жителите на окупираните територии во Украина, освен во крајна нужност, јавува украинскиот Центар на национален отпор. Борбените дејствија, пак, продолжуваат со нови случаи на загинати цивили.

„Во привремено окупираните територии, непријателот им забрани на припадниците да разговараат со локалците, освен ако нивните задолженија не го налагаат тоа. Причина за одлуката е големото количество информации што локалците ги пренесуваат на Одбранбените сили [на Украина] и растечката недоверба на окупаторите кон локалците“, извести центарот.

Како резултат на тоа, на сите припадници на руските сили им е забрането отсега да зборуваат со цивилите.

„Ова уште еднаш покажува дека непријателот сѐ уште не ги контролира окупираните територии и е само привремен окупатор на ова тло. Но, сите маневри и движења ќе се дознаваат и покрај тоа и секој ќе сноси одговорност“, порачува украинскиот Центар на националниот отпор.

Во нападите на руските сили на терен, повторно има бројни случаи на загинати и повредени цивили, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Во руските артилериски напади на 18 градови и села во регионот Херсон има една цивилна жртва и петмина повредени цивили.

Во ноќен напад во регионот Днипропетровск, повредени биле петмина цивили.

Според Генералштабот на украинските вооружени сили, во текот на изминатите 24 часа, дошло до 80 оружени судири на украинските одбранбени сили со рускиот непријател.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В сабота концерт на Дино Имери на „Школка“

Несекојдневен музички настан организира Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, кој ќе се случи на 11 мај (сабота) со почеток во 12 часот. Во Градскиот парк,...