fbpx

Штрајковите на германските аеродроми ги поништуваат плановите на илјадници патници

Според здружението на аеродромски оператори, повеќе од 580 летови биле откажани, а 90.000 патници морале да ги променат своите планови

-

Вработените во обезбедувањето на пет германски аеродроми вчера стапија во штрајк, попречувајќи ги плановите на десетици илјади патници, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Во четвртокот наутро синдикатот „Верди“ започна еднодневен штрајк на аеродромите во Хамбург, Штутгарт, Карлсруе/Баден-Баден, Келн и Берлин. Според здружението на аеродромски оператори, повеќе од 580 летови биле откажани, а 90.000 патници морале да ги променат своите планови.

Денеска безбедносните службеници ќе штрајкуваат во Хановер, Дортмунд, Визе, Дрезден и Лајпциг и повторно во Карлсруе/Баден-Баден.

„Верди“ повика на штрајк на аеродромот во Минхен, во патничкиот и товарниот сообраќај, од четврток од 16 часот до петок до 6 часот наутро.

Најголемиот германски аеродром Франкфурт не е цел на синдикатите.

Колективните преговори во областа на воздухопловната безбедност се однесуваат на условите за работа на околу 25.000 вработени во специјализирани компании.

Безбедносниот персонал во име на германската федерална полиција ги проверува патниците, персоналот и багажот на влезовите во безбедносните зони на аеродромот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...